Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нуредини за увезениот мазут: Ако е точно, тоа е криминал и ќе има одговорност

0
By Ivana on June 4, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 4, 2021 21:10

Министетството за животна средина никогаш нема дадено дозвола за увоз на индустриски отпадни горива. Ако биле увезени вакви горива во нашата земја под лажна претстава дека тоа е мазут, тогаш тоа е криминално дело бидејќи ние никогаш не сме го дозволиле тоа, изјави министерот Насер Нуредини, кој смета дека за спорниот мазут што бил узвезен и користен во земјава одговорност не треба да чувствува само тој, туку и Владата  и сите граѓани.

Во Дневникот на ТВ Сител Нуредини кажа дека без одобрение на Министетството со кое раководи, каков било отпад не може да биде увезен во нашата земја и дека е направено кривично дело. Владата побарала од сите институции да работат заедно за да се расчисти дали обвинувањата се точни.

– Ако се точни, ќе има одговорност за оние кои го стоириле тоа. Ова е ризик за јавното здравје на нашите граѓани и тоа нема да го дозволиме. На владина седница побарав Царината да ги спореди сите документи со институцијата од која потекнува ова гориво за да бидеме сигурни дека ништо не е променето од местото на потекло, кое може да е која било земја од ЕУ. Од таму до нашата граница да се утврди дали имаат исти, идентични кодови за материјалот кој го имало во резервоарите. Вака и ние ќе знаеме дали производот пристигнал таков како што е наведено од почетната дестинација во нашата земја. Ако имало промени во меѓувреме, тогаш ќе знаеме дека нешто, според мое мислење, иако не сум адвокат, е криминал, фалсификување документи, рече Нуредини.

Нагласи дека сите надлежни институции мора заедно да работат на ова и дека Владата бара расчистување зашто, рече, тоа е важно прашање.

– Ова е многу отровно гориво ако сме го гореле и тоа не смее да се случи. Нашата идеја е мазутот воопшто да не се користи во иднина, рече Нуредини.

Соопшти за преземени мерки, меѓу кои со Министетство за економија ја смениле регултивата за да се осигури дека квалитетот на цврстите горива е според европските стандарди и дека државата инвестира во обновлива и соларна енергија за ослободување од користење на јагленот, со што, рече, според планот до 2030 година ќе може да се исклучи РЕК Битола. Една од клучните причини за загадувањето на воздухот, посочи Нуредини, е начинот на греење, не само на домаќинствата, туку и на јавните инстутуции, училишта и болници, кои се загреваат со мазут.

 

воздух мазут нуредини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.