Почитувани медиуми, драга младино, почитувани граѓани, добар ден. Со овие зборови на македонски јазик, лидерот на ДУИ, Али Ахмети го почна обраќањето пред присутните на прославата на 19 роденден на партијата во чија платформа во иднина ќе има место и за Зелената агенда.
– Започнуваме нова политика и директно дејствување, политика за квалитетен живот и еколошка правда. Зелената агенда станува дел од ДУИ, порача првиот човек на интегративците.
Најавите за фокусирање и на Зелената агенда, покрај партискиоот роденден, се поклопуваат и со Светскиот ден за заштита на животната средина (5 јуни).
– Денеска е Светски ден за заштита на животната средина. Охридскиот договор е исполнет, земјата е интегрирана во НАТО, имаме правична застапеност, се изградија и градат театри, болници, училишта, градинки, а сега дојде време ДУИ да се фокусира на животот, рече Ахмети.