Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Партиска реалност и перспектива

0
By Biljana on June 7, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 7, 2021 09:35

Автор: Емил Димитриев

Како и со многу други предизвици и решенија со кои сме се соочиле и се соочуваме, така и на планот на профилирање на политичките партии во Македонија, ја градиме нашата посебност. Периодот на плурална демократија зад нас детерминира сериозна дискусија, какви политички партии имаме од аспект на идеологија, внатрепартиска демократија, структура на членство и поддржувачи итн. Ако за почетоците на плурализмот беа разбирливи одредени импровизации дома, за разлика од искуството како функционираат политичките партии во Европа и светот. Денес просторот за толеранција на тие импровизации треба да се сведе на минимум, а најдобро е воопшто да го нема. Да фатиме чекор со тенденциите на овој план со поразвиените земји, иако и таму има доста отворени прашања на оваа тема. Процесот на распаѓање на бившата комунистича држава, стимулираше процес на создавање на етнички политички партии, за разлика од претходната комунистичка партија која беше единствена, но од аспект на структура на членови мултиетничка. Многу малку се зборува колку беше граѓанско комунистичкото општество, иако по многу критериуми беше по граѓанско од денешново македонско општество. Доаѓаме до фактот што на почетокот го спомнав како импровизации или почетнички грешки. Иако сите релевантни политички партии во своите акти сметаа на сите граѓани и декларираа идеолошка ориентација, во реалноста е забележлива разлика од аспект на програма, структура на членство и симпатизери и др. Дел од партиите беа со мултиетнички состав, а дел со состав од еден народ, намерно не го употребувам терминот еднонационални, зошто овде под поим нација мислам на севкупност како збир на сите народи кои живеат во државата. Слично е и на планот на идеолошката профилираност, наспроти декларираната позиционираност во политичкиот спектар, во пракса многу политики излегуваат од класичната идеолошка матрица. Ангажманот на сестринските партии од ЕУ во тоа профилирање е за респект, но сепак има уште многу да се „исклеса” како би се приближиле до нивните стандарди. Посебно во период кога партиите ја практикуваат власта, се забележуваат тие „девијации“ и хибридни политики. Но не мора да се анализираат само како власт, доволно е да се анализираат нивните програми преку наједноставниот метод на фреквенција на термини и зборови типични за одредена идеологија, ќе ја воочиме нашата искривена реалност. Да не ја отварам темата што дополнително ќе промени глобализацијата на овој план, која влијае со се поголема динамика и која отвара големи теми на политички системи и партии со неколку вековна традиција, камоли за наши прилики. Колку е одржлива и понатаму ваквата состојба не сум сигурен. Денес главниот политички дискурс е градење граѓански општества интегрирани со светот. Не ја гледам оправданоста од постоење на етнички политички партии. Едноставно, тешко може да креираме мултиетничко и граѓанско општество со еднонародни партии, фокусирани на делови од нашето општество во географска смисла. Перспективата на нашиот политички систем во делот на партиите го гледам во фокусирање на два приоритети кои се комплементарни. Сметам дека е природно и неопходно да започне процес на окрупнување на политичките партии по идеолошка основа што е најрационално за едно современо мултиетничко општество. Тоа профилирање треба да биде согласно најновите тенденции на тој план. Вториот приоритет треба да биде структурно менување на составот на партиите од аспект на кооптирање мултиетнички состав на членство и подржувачи, кој ја одразува нашата реалност како држава. Тој процес не очекувам да биде лесен, но ако го реализираме придобивките ќе бидат повеќекратни. Претпоставувам дека непријатели на овој процес ќе бидат многу мал процент приврзаници на политиката на прекројување на границите, кои во принцип се националисти и можеби одреден број на лидери на партии кои не можат да се откажат од статусот претседател на партија, без разлика колку таа е релевантна. Овој процес би требало како нов фокус на партиите да ги наметне темите за подобар стандард, поквалитетно образование, здравство, интеграции, соживот итн. На следни избори во ваков амбиент нема да мораме да калкулираме математички кој е победник во смисла ако се одземат или додадат нечии гласови. Уникатните филозофии и комбинации од минатото како што е „коалиција победник со победник“ конечно ќе бидат на буништето на историјата. И ќе не потсетува до каде сме забегувале со решенија што плуралната демократија воопшто не ги познава. Дополнително позитивно ќе влијае на стабилноста во работењето на собранието и владата, и ќе креира состојба за сериозни реформи.

Емил Димитриев колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.