НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Цивил во кампања за слободни и ненасилни избори

0
By Нова ТВ on January 30, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Невладината организација Цивил (Центар за слобода) го промовираше новиот проект „Слободни и ненасилни избори 2013“, за јакнење на јавната свест и политичката култура за слободни и ненасилни локални избори. Ова е акција во заедницата на локално ниво за превенција од нерегуларности, насилство и оружено насилство во пред и пост изборниот процес.

Претседателот на Цивил, Џабир Дерала, денеска на прес-конференција информира дека тимови распоредени низ цела држава во девет регионални центри ја набљудуваат состојбата на терен и во медиумите и го набљудуваат начинот на работење на институциите, особено политичките партии.

“Граѓаните кои ќе бидат вклучени во работните групи , ќе примаат информации, кои ќе ги доставуваат до секторот за односи со јавноста, а потоа ќе бидат пласирани до домашната и меѓународната јавност. Во регионалните центри ќе воспоставиме блиска соработка со политичките партии и ќе гледаме нивната активност да ја доведеме во ситуација поднослива за демократските процеси” – соопшти Дерала.

Дерела упати апел до сите политички актери во Македонија дека е крајно време за политичко помирување.

Кристен Шонефелд од Форум цивилен мировен сервис, изјави дека ќе се фокусираат на превенцијата против насилството и вооруженото насилство. Тие ќе овозможат обука за членовите од работните групи за превенција, медијација и ненасилна комуникација и надминување на конфликти.

Проектот „Слободни и ненасилни избори 2013“ почна со имплементација на 17 декември минатата година, а ќе трае до 31 мај годинава. Носител на проектот е Цивил, а финансиски е поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.