НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата работи на зајакнување на положбата на жената во општеството

0
By Ivana on June 10, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како Влада и како ресорно министерство особено ни е значајно унапредувањето  на родова еднаквост во општеството. Во таа насока е и подготовката на новиот Закон за родова еднаквост, со кој обезбедуваме остварување на потполна родова еднаквост, зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење, посочи минисерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешната средба со г-дин Џон Кенеди Мосоти,  директор за Северна Македонија, Србија и Косово на УНФПА.

Таа посочи дека со Законот за родова еднаквост се воведуваат новитети, односно  законот предвидува три нови механизми. Тоа е Секретаријатот за родова еднаквост, кој како највисоко тело ќе ја координира и следи работата на органите на државната управа и локалната самоуправа при имплементација на Законот. Ресурсен центар, кој што е всушност тренинг центар за обуки на државните службеници во областа на родово одговорно креирање на политики и буџетирање. Третиот нов механизам е Национално координативно тело со кое што ќе претседава министерот за труд и социјална политика со што се подигнува и нивото на влијание и значење. Истовремено, Министерството работи на подготовка на новата Стратегија за родова еднаквост 2021-2026 година чија цел е унапредување на состојбата на родовата еднаквост во согласност со меѓународните стандарди, препораки и обврски, препознавајќи дека родовата еднаквост е еден од клучните аспекти за просперитет на целото општество.

Министерството за труд и социјална политика, во сферата на родовата еднаквост има воспоставено одлична соработка со УНФПА, особено како партнер во  имплементацијата на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, во делот на  подготовката на подзаконските акти и воспоставувањето на услугите за жените жртви на насилство.

На средбата се разговараше и за унапредување на правата на лицата со попреченост, на што министерката Шахпаска посочи неколку значајни сегменти на кои министерството сериозно работи изминатиот период.

„Пред нас е предизвикот за заокружување на процесот на деинституционализацијата до 2027 година согласно проектите, сите корисници од Заводот во Демир Капија, Заводот Бања Банско, како и Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Топанско Поле, да бидат преселени од институциите и сместени во помали станбени единици, односно се менува формата на грижа за овие лица во живеење со поддршка“, рече Шахпаска. Притоа, го истакна значењето на дневните центри за лицата со попреченост како форма која им овозможува на овие лица да бидат креативни и работно активни.

Директорот на УНФПА, Џон Кенеди Мосоти истакна дека сите заложби и постигнатите резултати на Министерството за труд и социјална политика и министерката Шахпаска се јасно видливи и препознаени. Воедно упати честититки за сработеното и изрази и задоволство од идните планови и проекти на министерството.

Двете страни се согласија дека соработката ќе продолжи и во иднина со уште позасилено темпо, а во насока на градење на еднакво општество, без стереотипи и предрасуди, насочено кон превенирање на родово базирано насилство, унапредување на статусот на жените во сите области и унапредување на правата на лицата со попреченост.

Влада жени општество
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.