Режисерот Џејмс Бобин почнува со снимање на нов игран филм со легендарните ликови од „Мапет шоу“. Филмот е насловен “Мапетите…повторно“, во кината треба да се појави во 2014 година.
Во новата авантура, на Кермит, Мис Пиги и другите, ќе им се придружат актерите Тина Феј, Рики Џервејз и Тај Барел. Овој пат опасните криминалци ќе се обидат да ги вовлечат мапетите во интернационални криминални активности.
Ова ќе биде филм во стилот на старомодните крими лудории од шеесетите години, само што во главните улоги се појават една жаба, свиња, мечка и сето тоа во вообичаената мешавина од скечеви и музика, вели режисерот Бобин.
Новиот филм за Мапетите ќе се снима во Лос Анџелес и во Лондон, во студијата Пајнвуд каде што се снимаат и филмовите за Џемс Бонд.