Пратеникот на Вмро Дпмне и претседател на Собраниската комисија за надворешна политика, Антонијо Милошоски на својот ФБ профил извести дека седницата на која би реферирал Министерот за надворешни работи Бујар Османи за суштината и текот на разговорите со Бугарија , ја закажува на 16 јуни (среда) во 15.00 часот.
Се дотогаш, пишува Милошоски на социјалните мрежи, ќе имало протести од 17-19 часот пред Министерството за надворешни работи.
Ова доаѓа по ,,фрлената ракавица“ од шефт на Македонската дипломатија Османи, дека планира да се појави и да реферира пред пратениците кога ќе се усогласат слободните термини поврзани со неговите активности и активностите на Собраниското тело за надворешна политика.
Инаку вчера Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамките на одбележувањето на 30 годишнината од УМС на опозициската партија, соопшти дека партијата на 16 јуни ќе соопштела нешто ново и големо. Дали и терминот што го закажа Милошоски за седница на Комисијата за надворешна политика за реферирањето на Османи (16 јуни ) има поврзаност, останува да се види.