НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пицула: Следи нова динамика за решение на Косово, а Подгорица е тешко предвидлива

0
By Ivana on June 16, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во разговорите помеѓу Косово и Србија се чувствува една новина и мислам дека двете страни сериозно се припремаат за продолжување на разговорите во рамките на она што го припреми Европската Унија, изјави во дебатната емисија Клик плус на ТВ21, хрватскиот европратеник Тонино Пицула. Според него Соединетите Американски Држави го продолжуваат својот ангажман, овој пат нешто посериозно, а доколку ги следиме и пораките на Претседателот Бајден упатена кон српските лидери и косовските политичари, тие пораки се јасно индикативни.

– После се е јасно дека без меѓусебен договор за цела низа на прашања и едната и другата страна не може да очекуваат брз напредок спрема членство, во случајот на Србија и почеток на преговорите во случајот на Косово, потенцира Пицула.

Тој потенцира дека Црна Гора веќе долго време беше по се единствен случај, се работеше за држава која практично од своето државно, не само осамостојување туку и од воведувањето на повеќе партискиот систем во 1990 година немаше ниедна транзиција на власта после избори.

– И кога тоа се случи во Август минатата година тогаш Црна Гора но и Европската Унија се соочија со една дотогаш непозната ситуација, односно како новата власт во Црна Гора ќе реагира на наследството, па и на надворешната политичката ориентација на владите пред неа и како Европската Унија напросто ќе реагира на држава која во тој момент највеќе напредуваше кон членство, но можеби со некои нови приоритети и со некои нови политички сензибилитети. Можам да ви кажам дека не е досадно и во овој момент во Црна Гора се одвива еден многу сложен политички процес затоа што власта на Демократската Партија на социјалистите и претседателот Мило Ѓукановиќ не ги замени некоја друга партија или коалиција, туку коалиција на коалиција, се работи за една значително хетерогена јас би рекол група на политики кои во овој момент имаат многу сериозен проблем да се договорат околу некои основни политички перспективи на самата Црна Гора. Нам во Брисел ни е многу мило што новата влада ги почитува меѓународните обврски на Црна Гора како што е пред се се разбира членството во НАТО, но и јасната перспектива на членство во Европската Унија. Меѓутоа, внатре таквиот хетероген блок често се слушаат гласови кои ние во Европскиот Парламент па и во институциите на Европскат Унија не можеме да ги прифатиме, како што е негирање на геноцидот во Сребреница или одреден сензибилитет спрема малцинствата па и наследството на граѓанската држава. Меѓутоа нашата комуникација е отворена, таа е стабилна, еве пред неколку недели во Европскиот Парламент и усвоен и мојот извештај за состојбата во Црна Гора, соработката сепак дава резултати што се виде од неколку примери, меѓутоа далеку е тоа од времето кога можевте многу поизвесно да ги предвидите потезите на Подгорица, додаде Пицула.

Во овој момент според него,  ќе треба да бидеме трпеливи и едните и другите, но ако таа соработка се движи во рамките на тоа што е веќе договорено тогаш верувам дека има причина за оптимизам.

 

 

 

Косово пицула Србија Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

ВЕСТИ August 7, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговите цели за самитот САД – Русија за…

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.