Жената е на прво место во општеството, го почитуваме нејзиното право и интегритет – се грижиме за секоја мајка и сопруга, објави на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
Тој додава:
Со новиот закон за прекинување на бременоста ги укинавме сите административни бариери кои ја одложуваа постапката за прекин на бременоста.
Започнувајќи од 2019 година во континуитет е достапна најсовремена биолошка терапија за сите жени со рак на дојка. Услугата за овие пациенти вклучува и психолошка поддршка која им служи како алатка за поддршка при лекувањето.
Во текот на целата пандемијата непречено се спроведуваа мамографските скрининзи.
Во 2018 година започнаа со работа 3 центри за упатување на жртви од сексуално насилство во Скопје, Куманово и Тетово со поддршка од УНДП и УНФПА во соработка со ХЕРА. Преку нив, обезбедивме поддршка и заштита за жртвите од родово насилство.