Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД најавува нови санкции против Русија поради Навални

0
By Biljana on June 20, 2021 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 20, 2021 17:52

Вашингтон подготвува нови санкции против Руската Федерација во врска со ситуацијата со опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој се наоѓа во притвор, ја објави Си Ен Ен изјавата на советникот на претседателот на САД за национална безбедност, Џејк Саливан.

„Прво, важно е вашите гледачи да разберат дека воведовме санкции против Русија за труењето на Алексеј Навални и подготвуваме нов пакет санкции кои, исто така, ќе бидат применети во врска со тоа“, истакна Саливан.

Претходно, демократите во Конгресот ја критикуваа администрацијата за неуспехот да се воведе втор, законски задолжителен пакет санкции за случајот Навални, до 2 јуни 2021 година. Демократите сметаат дека администрацијата редовно ги пропушта роковите утврдени со Законот за санкции на САД.

Саливан, исто така, додаде и дека САД ќе продолжат да воведуваат нови санкции за руските компании вклучени во проектот „Северен поток 2“.

„Прашањето е дали ќе гониме директно преку нашите овластувања за санкции, нашите европски партнери, сојузници и пријатели. Претседателот Бајден рече: Не сум подготвен да го сторам тоа, но подготвен сум да воведам санкции на секои 90 дена против руски организации вклучени во градењето на Северен поток 2. Тој го направи тоа и ќе продолжи да го прави“, одговори Саливан на прашањето зошто САД ги суспендираат санкциите против европската компанија „Северен поток 2 АГ“, која го гради гасоводот.

Санкциите против Русија ја покажуваат само неконкурентноста на САД

Незаконските активности на САД секогаш биле проследени со природен одговор од Русија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, коментирајќи ја подготовеноста на Вашингтон за воведување нов пакет санкции поради ситуацијата со Алексеј Навални.

„САД се обидуваат да ги решат проблемите со сопствената неконкурентност преку воведување санкции за Руската Федерација“, истакна Захарова.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.