Поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи околу полноќ имала сообраќајна незгода, пренесоа медиумите на албански јазик во земјава, информација што е потврдена и од Министерството за внатрешни рабтои (МВР).
-На 25.06.2021 околу 00.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на ул. „Македонско Косовска“ и ул. „Џон Кенеди“ се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „сеат ибица“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф. (36) од Гостивар, со живеалиште во Скопје и патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш. (55) од Тетово. Во незгодата со повреди се здобила Ф.Ф., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.
Според неофицијалниоте информации, судирот не бил силен, направена е материјална штета и возачите се здобиле со лесни повреди.