Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Илинка Митрева одликувана со орден „Витез на легијата на честа“

0
By Ivana on July 1, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 1, 2021 15:05

Во француската резиденција вечерва амбасадорот на Франција Сирил Бомгартнер, во името на Претседателот на Француската Република со орденот „Витез на Легијата на Честа” ја одликува поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева.

Амбасадорот Бомгартнер на одликувањето истакна дека Митрева откако два пати беше одликувана со ордени во 1998 и 2016 година, ова е трет пат како неговата земја одлучува да ја одликува со највисокиот француски орден.

– Овие повторени растечки почести се признание за силната ваша посветеност за Македонија, за Франкофонијата и за Европа. Тие се исто така и белег на верно и постојано пријателство помеѓу вас и нас. Оваа приказна помеѓу Франција и вас е пред се и културна и јазична приказна. Кога странец зборува навистина добро француски, ние велиме дека тој го зборува како тебе и мене. Но, кога тој го разбира дури и подобро од тоа, тогаш не знаеме што да кажеме или поточно сме во искушение да не кажеме ништо, рече амбасадорот.

Одлучувајќи повторно да Ве одликува, потенцира амбасадорот, мојата земја сакаше да награди личен животен тек кој се спојува со оној на вашата земја која стана независна.

– Во оваа сè уште понова историја имаше фази на забрзување и фази на стагнација. Во текот на изминатите неколку децении, сте имале различни одговорности, во Советот на Град Скопје, во органите на СДСМ, во Собранието. Но она што сме во искушение да го запомниме е пред сè вашата активност на чело на Министерството за надворешни работи. До денеска, вие сте единствената жена што некогаш била на оваа позиција. Вие сте исто така таа што може да се гордее со најдолгиот мандат на чело на оваа престижна администрација. Пет години. Пет години се доволни за да се остави длабока трага, рече тој.

Амбасадорот Бомгартнер истакна дека долгиот мандат на Митрева се совпаѓа со потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската унија, ДСА, потпишан само неколку недели откако ја преземате функцијата.

-За потсетување, своевремено Скопје е првиот главен град од Западен Балкан кој потпишува таков договор. И вашиот мандат завршува со пристапувањето на Македонија во Меѓународната организација на Франкофонијата, како полноправна членка, која станува ефективна само неколку дена по вашето заминување. Помеѓу овие две крајности, две главни пресвртници во националната историја : потпишувањето, а потоа и имплементацијата на Охридскиот рамковен договор и добивањето на кандидатски статус за влез во Европската унија (во декември 2005 година). Овие два настани може да изгледаат различни еден од друг; едниот се однесува на внатрешна состојба на помирување и стабилизација а другиот е процес на меѓународна интеграција, поточно на европска и атлантска интеграција, рече тој.

Митрева истакна дека последното последно одликување „Витез на Легијата на Честа” само ја зацврстува нејзината благодарност, благодарност на еден решителен борец за „francite” (французинскост, го употребувам овој термин во поширокасмисла од она што му ја дава ….јазик,култура цивилизација).

– Како што споменав во едно претходно обраќање француската книжевност е мој занает и моја страст. Работа на професорот е да истражува и зборува. Ја имав таа огромна привилегија гласно да ја сонувам мојата потрага и да ја споделувам со генерации и студенти. Гледав како францускиот јазик станува посакувана цел. Можеби овој свечен момент ќе ми допушти да упатам значајна порака. Треба да направиме се што е во наша моќ да го стимулираме интересот за францускиот јазик. Франција која се разбира во методологии, би можела да ни помогне да изработиме една поагресивна поефикасна методологија во проучувањето на овој убав јазик и култура, рече таа.

Што се однесува на политиката, потенцира Митрева, долго време ја впишував мојата дипломатска мисија во продлабочувањето на пријателството и на политичките врски со Франција.

– Главната цел на моите активности беше да се обезбеди европска иднина за мојата земја. На тој пат секогаш ја имавме поддршката нанашите француски пријатели. Во овие тешки времиња за нашиот од кон ЕУ, кога РМ се соочува со апсурдни пречки, ја искажувам надежта дека Франција ќе продолжи да биде гарант на големиот европски проект.

Илинка Митрева одликувана Орден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.