Карго авион со екипаж од два члена се урна во океан во близина на Хаваи. Според неофицијални информации, екипажот пријавил проблеми со моторот, додека „Спутник“ јавува за пад на „Боинг 737“, повикувајќи се на „Си-Ен-Би-Си“.
На лице место, како што пишуваат локалните медиуми, се наоѓаат бројни спасувачки екипи. Несреќата се случила околу 14:45 часот по локално време на пет километри од аеродромот во Калалео.
Пилотот наводно побарал да се врати на писта, но не успеа во намерата, па слетал во вода. Американската крајбрежна стража испрати на помош брод, хеликоптер и авион од типот Ц-130.