Сензационално најавениот ирански сателит ловец Кахер Ф-313 всушност е макета, сметаат западните научници.
Иранските нови борбени авиони предизвикаа контроверзи, додека Техеран се фали во револуционерна технологија, западните експерти сметаат дека целиот спектакл всушност е обична измама и дека „освојувачот“ е непрецизно изработена макета.
Според официјалното соопштение ловецот „Кахер“ Ф 313 (Освојувач) е производ на Исламската Република, која од 1980 година поради ембаргото од запад развива своја воена технологија опрема.