Селекторот на Данска, Каспер Хјулманд најави дека во полуфиналето против Англичаните, Данска ќе игра со срцето на Кристијан Ериксен.
“Ќе играме со срцето на Кристијан Ериксен. Верувам во карактерот на нашиот тим. Љубовта и чувствата што ги добивме од нашите навивачи ни даваат крилја. Силно веруваме во себе и ќе се бориме до крај”, рече Хјулманд.
“Среќни сме што навивачите се враќаат на стадионите, но би сакале да имаме и дански навивачи. Играњето на Вембли е мотив, но ќе биде тешко”.
Хјулманд додаде дека треба да се стави крај на споредбите со Европското првенство во 1992 година.
“Не сакам повеќе да зборувам за минатото. Имаше различни периоди кога Данска беше на врвот. Ние сакаме да напишеме своја приказна. Се обидуваме да ја инспирираме и обединиме нашата земја. Не мислам дека Англија ќе не изненади нас, ниту ќе ги изненадиме ние. „Подготвени сме да играме пред илјадници англиски навивачи“, додаде селекторот.