НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Индискиот сој стана доминантен во Германија, младите луѓе најподложни на новата варијанта во Западна Европа

0
By НОВА ТВ on July 8, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новата делта мутација на коронавирусот стана доминантна во Германија, чиј удел првпат презеде доминација со 59 проценти, соопшти Институтот „Роберт Кох“.

Институтот посочува дека кај веќе две третини од позитивните ПЦР-тестови е утврдено дека станува збор за инфекција со делта мутација на Ковид-19, додека само кај една третина заразата е со „стариот“ алфа сој.

Уделот на алфа сојот се намали многу брзо од 91 процент кон крајот на мај, на 33 проценти кон крајот на јуни. Другите мутации во Германија моментно немаат никаква улога, наведува Институтот.

Од друга страна, францускиот секретар во Министерството за европски прашања, Клеман Бон, ги советуваше граѓаните на Франција да избегнуваат летни одмори во Шпанија и Португалија поради ризикот од ширење на делта сојот на Ковид-19.

Министерството прецизираше дека патувањата во Шпанија и Португалија и каде било во Европа се слободна волја на граѓаните и дека власта дава само пријателски совети.

Шпанскиот министер за здравство предупреди дека младите можат да развијат тешки облици на коронавирусот и побара соработка во спречување на стапката на инфекција, која е двојно зголемена кај младата невакцинирана популација.

Само неколку недели по нивното отворање, ноќните клубови во источниот дел на Шпанија нема да работат повторно од петок со цел да се запре ширењето на делта сојот.

Холандија, пак, која меѓу првите земјите во Европската унија се откажа од речиси сите мерки за заштита од коронавирусот, повторно бележи голем пораст на новозаразени.

За помалку од две недели, дневниот број на позитивни тестови се зголеми речиси шестпати, од 550 случаи на 26 јуни на околу 3.700 вчера, јави Бета.

Најголем број нови инфекции се откриени кај млади луѓе, тинејџери и 20-годишници – старосна група која е последна во редовите за вакцинација и се уште не е вакцинирана или ревакцинирана.

Бројот на луѓе во болниците засега е се уште мал, благодарение на зголеменото ниво на вакцинација, особено постарите лица и граѓаните со други здравствени ризици, кои досега главно се имунизирани.

Институтот за јавно здравје на Белгија објави дека во првата недела на јули стапката на репродукција на Ковид-19 повторно надмина 1, што значи дека вирусот повторно забрзано се шири, јави дописничката на МИА од Брисел.

Стапката на репродукција на вирусот кога надминува 1 е знак дека заразата пребрзо циркулира помеѓу населението. Во првата недела на овој месец стапката е од 1,1.

Бројот на новозаразени во Белгија е зголемен за 70 отсто во споредба со претходната недела, додека стапката на позитивни тестови е зголемена за 53 отсто, соопштија властите.

Сепак бројот на хоспитализации и на смртни случаи продолжува да се намалува, што се должи на високата стапка на вакцинација во Белгија, која достигнува речиси 80 отсто од возрасното население.

Според портпаролот на кризниот штаб за Ковид-19 делта сојот во Белгија сега сочинува 50 отсто од целокупниот број заразени.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.