УЕФА ја казни Англиската фудбалска асоцијација со 30 илјади евра за однесувањето на публиката на „Вембли“, по победата со 2: 1 во продолженијата над Данска во полуфиналето на ЕВРО 2020.
Санкцијата следува откако беше осветлен со ласер од трибините данскиот голман Каспер Шмајхел пред изведувањето на пеналот досуден за домаќините во судиското продолжение, што чуварот на мрежата го одбрани, но топката повторно се најде пред нозете на Хари Кејн кој ја донесе победата на неговиот тим.
Приврзаниците на Англија, исто така, ја исвиркаа данската химна пред мечот, а приредија и недозволен огномет на мечот во средата.