Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борел: Излегуваме од тунелот, но пандемијата сè уште беснее

0
By НОВА ТВ on July 10, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 10, 2021 15:40

На повидок е излез од тунелот на пандемијата на Ковид-19, но мора да останеме будни поради новите варијанти што се појавуваат, изјави денеска во Дубровник министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел и повика на соработка со Русија и Кина, кои, како што рече, користат „вакцинална дипломатија“.

– Излегуваме од тунелот, но пандемијата е сè уште беснее, особено во Јужна Америка, Африка и Индија. Треба да останеме будни бидејќи се појавуваат нови варијанти, рече шефот на дипломатијата на ЕУ на 14-то издание на министерскиот форум на кој една од темите е влијанието на пандемијата на Ковид-19 врз геополитичките односи и светската економија.

Тој предупреди на влошување на состојбата во Африка, континент каде стапките на вакцинација се само три проценти, наспроти 60 проценти во Европа.

– Ни претстои уште долга битка, рече шефот на европската дипломатија, проценувајќи дека една од последиците на пандемијата ќе биде се понесигурен, понееднаков и помалку слободен свет.

Нееднаквоста, истакна тој, ќе биде видлива не само меѓу земјите, туку и во рамките на секоја одделна земја.

Одлучувачки фактор за надминување на пандемијата се вакцините, без кои не можеме да ја добиеме оваа битка, смета Борел.

– На меѓународно ниво имаше многу поделби, немаше соработка, но научниот свет работеше напорно и произведе вакцини за многу кратко време, рече Борел.

Тој додаде дека сигурно треба да сториме повеќе, но посочи и на еден позитивен аспект.

– ЕУ е единствениот регион во светот што го вакцинира своето население и истовремено извезува вакцини во други земји и донира во програмата Ковакс, истакна Бореј.

Тој ги обвини Русија и Кина дека користат вакцини за да ги постигнат своите интереси и предупреди дека „мора да бидеме свесни за тоа“.

– Тие земји низ целиот вет применуваат дипломатија со вакцини, ние мора да бидеме свесни за тоа и да постапуваме во согласност со тоа сознание, рече европскиот дипломат.

Тој посочи дека е важно како ЕУ ќе се позиционира во триаголникот со САД и Кина, потсетувајќи дека Кина бележи „неверојатен“ економски развој и дека добиле многу „пркосна порака“ од претседателот Си Џинпинг дека „на странските сили ќе им биде скршена главата ако се обидат да ја малтретираат или да влијаат на Кина“.

Борел додаде дека забележува оти влијанието на Кина расте во целиот свет.

– Станува сè понаметлива, соработката со неа станува се потешка, оцени тој, но исто така додаде дека со Кина мора да се соработува во многу области и оти економскиот потенцијал е сè уште многу голем.

– Дури 25 проценти од глобалниот економски раст оваа година доаѓа од Кина, истакна Борел, објаснувајќи дека Обединетите нации зборуваат за Кина како „конкурент, ривал и партнер“.

Тој смета дека конкуренцијата меѓу Кина и САД ќе го обликува светот во следните децении и оти ЕУ мора да постави јасна насока, „гледајќи низ своите очила“.

– Со САД делиме историја, политички и економскиот систем. Секогаш ќе бидеме блиски со Вашингтон, но мора да гледаме на светот земајќи ги предвид нашите интереси, рече Борел и додаде дека дијалогот на ЕУ со администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден за Кина беше „реален, позитивен и конструктивен“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026Updated:June 16, 2026

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

ВЕСТИ June 16, 2026

Неколку ирански бродови поминаа низ зоната на американската поморска блокада во Оманскиот Залив, според иранските…

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

June 15, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.