Новак Ѓоковиќ го освои и третиот сезонски голем турнир. Шести пат го крена трофејот на Вимблдон откако во финалето го победи Матео Беретини. Тој славеше со 6:7, 6:4, 6:4, 6:3 и ја освои 20. грен слем титула, израмнувајќи го рекордот на Роџер Федерер и Рафаел Надал.
Претходно годинава, Ѓоковиќ ги освои и Австралија Опен и Ролан Гарос. Српскиот тенисер му оддаде признание на Италијанецот за добрата игра и раскажа интересна приказна.
-Ова беше повеќе од битка. Честитки до Матео на одличниот турнир, а и денес навистина тешкиот меч, кажа Ѓоковиќ.
Тој додаде дека победата на Вимлбдон му бил најголем сон како дете.
-Јас како седмогодишно дете, си направив титула од Вимблдон импровизирајќи, а сега стојам тука со шестиот вистински трофеј, изјави Џоковиќ.
Италијанецот Матео Беретини за првпат играше во финалето на еден грен слем турнир и во спортски дух му честита на победникот.
-Новак беше подобар од мене бидејќи е голем шампион и пишува историја на овој спорт и ги заслужува сите честитки. За мене голема чест е да бидам тука, да играм во финалето и чувството е неверојатно, изјави Беретини.
До крајот на тениската сезона останува уште еден грен слем турнир, а тоа е УС-Опен кој започнува кон крајот на август.