Црногорското министерство за земјоделство го потврди случајот на угинување на над 200 илјади кокошки во фармата ,,Агромонт“ во Мартиниќи ,што се случило поради снемување струја кое предизвикало откажување на системот за ладење.
Станува збор за фарма која обезбедува една петтина од потребите за јајца на Црногорскиот пазар.Штетата е проценета на над милион евра, а самиот случај важи за досега најголем помор на кокошки во Европа.
Газдата на ,,Агромонт“ Божо Јокиќ не сакал да им даде изјава на новинарите од,, Вијести“ но според медиумот, нему му биле осигурани фармите но не и кокошките.
Денот кога се случил поморот, бил најтопол ден во Бијелопавлиќи каде живата во термометарот се искачила над 40 степени целзиусови.