Новиот дух што дојде во Република Северна Македонија по Охридскиот рамковен договор значително влијаеше на поделбата на моќта и етничката застапеност во рамки на државата. Идејата за ваков договор беше да се гарантира на сите етнички заедници политичко, социјално и културно учество, како и самоизразување, истакна министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири во денешното обраќање на петтиот Комитет за односи меѓу заедниците, што се одржа во Собранието на Северна Македонија. граргргрШаќири посочи дека со Законот за вработените во јавниот сектор се обезбедува механизам за спроведување на уставниот принцип на правична и соодветна застапеност на припадниците на етничките заедници, на ниво на секоја од институциите во јавниот сектор, и врз основа на потребите на самите институции изразени преку годишните планови за вработување.
-Многу важен чекор што се реализираше во текот на оваа година беше систематизацијата на вработените со Рамковниот договор на соодветните работни места, што значително го унапреди прашањето за правична застапеност во институциите каде имаше повеќе недостатоци, преку К-5 програмата, рече Шаќири.
Според министерот за администрација, Јетон Шаќири, јавната администрација во последните години поминала низ драстична промена.
– Едно нешто што мора да се признае како факт е дека јавната администрација драматично се промени во последните години, означувајќи повеќе промени и дефинитивно е поразновидна. Јас како министер за информатичко општество и администрација, ве уверувам дека државната администрација ја гледам важен дел од нашето општество, кое припаѓа на секој граѓанин на земјата, без оглед на неговата етничка припадност, рече Шаќири.