Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Партискиот башибозук не ги одминува ниту руралните средини

0
By Томе Христов on March 19, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 19, 2014 18:11

Законите не важат во руралните средини и помалите населени места за оние кои ја имат власта во свои раце, овој впечаток се стекна од реакциите на опозициските советници во општинта Василево кои чиј Совет денес расправаше.
Сторијата која ја објави НОВА за случајот со дипломираниот музичар Оливер Гичев, кој работи две години како педагог во едно од општинските училишта и покрај тоа што државниот образовен инспекторат наложил да се поништи одлуката за неговото вработување поради неисполнување на критериумите беше тема на денешната седница на Советот.

Наместо да др поништи огласот советничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска на седница го одобри полугодишниот извештај за училиштето и покрај забелешките на опозицијата за катастрофалниот среден успех и кршењето на законот од страна на директорката Соња Ничева.

На прашањата од страна на советниците од СДСМ упатени кон директорката Ничева зошто Оливер Гичев сеуште работи како педагог и зошто не се почитува одлуката на Државниот инспекторат, таа одговори дека според систематизацијата на училиштето тој ги исполнува условите.

Тема на денешната средба на советниците беше и економскиот развој на општината за кој опозициските советниците на СДСМ обвинија дека е катастрофален, а тоа го потенцираа преку годишниот извештај за 2013 година. Тие денеска обвинија дека секој жител на општина Василево должи по 100 евра благодарение на неуспешната економска политика на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот.

„Општина Василево во 2013 година се задолжила со нови 20 милиони денари и ако на тие се додадат и кредитите од претходно, општината е должна 50 милиони денари или секој граѓанин должи по 100 евра ни крив ни должен само заради лошите политики на градоначалникот и на ВМРО-ДПМНЕ“, обвини Џоко Христов, советник на СДСМ. Од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ велат дека ваквите изјави на советниците од СДСМ биле редовна практика заради добивање на популарност во јавноста.

„Советничката група на СДСМ сака да направи некаква тензија во однос на задолжувањата. Да ние не криеме дека се задолжуваме. Но тоа кредитно задолжување се однесува на капитални расходи во најголем дел на изградба на водоснабдителен систем на населено место, каде што досега немаше водоснабдување и чиста вода за пиење, истакна Дејан Ефтимов, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

Во Годишниот извештај за 2013 кој беше усвоен пак стои дека токму најслабиот процент на реализација се капиталните приходи со само 9 проценти, или вкупна реализација од планираните приходи во основниот буџет од 43 проценти. Од ваквите проценти може да се заклучи дека реализацијата на приходите воглавно не се одвиваше со предвидената динамика и можеме да кажеме дека изминатата година ја завршивме неуспешно, се наведува во извештајот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.