НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поедноставена метода за хируршка интервенција на срце

0
By Biljana on July 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На Клиниката за кардиологија кај сто пациенти е применета минимално инвазивна метода со која со катетар наместо со отворена операција на срцето се заменува една од валвулите и тоа е тренд секаде во светот, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче по посетата на Клиниката.

Тој рече дека со директорот на Клиниката за кардиологија, Жан Зимбаков посетиле и поразговарале со неколку пациенти кај кои е аплицирана таа метода што интензивно се работи во изминатите три години.

Посочи дека денеска ги финализирале и последните разговори околу тоа што дополнително треба да се направи да се доопреми еден дел од Клиниката за кардиологија, за да се пружа уште подобра здравствена заштита во овој дел кај пациентите.

„Изминатиот период Клиниката доби голема количина на опрема – три ЕХО апарати, и тоа е нивна секојдневна рутина, респираторни машини што досега ги немаше, понатаму специјален мобилен ангиограф за една посебна метода за работа во сала за интервенции и во тек е и при крај е постапка со која ќе се набави опрема за воведување на нова метода за третман на срцевите аритми, нешто што е навистина врвна метода насекаде во светот. Така што, колегите кардиолози по којзнае кој пат сега покажуваат дека навистина се стручни и спремни на нашите пациенти да им пружаат врвна здравствена заштита. Се покажаа и како добри менаџери во делот на третман на пациентите со Ковид-19. Центарот е спремен, сега дополнително опремен со сега дополнителната опрема, сите се надеваме дека нема да треба, можеме во кој било момент да биде активиран тука да се третираат пациенти“, додаде Филипче.

Директорот на Клиниката, Жан Зимбаков рече дека при примената на оваа метода кај пациентите со специјално дизајнирани жици се влегува со пункција односно боцкање на пулмоналната артерија и се внесува валвулата.

„Предноста е рана мобилизација на пациентите, кои следниот ден се враќаат во нормален ритам на живот. Се работи без општа анестезија, само со блага седација кај пациентите, нема потреба од отворање на градниот кош и се намалува ризикот од компликација“, додаде д-р Зимбаков.

Кардиологија Клиника за кардиологија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.