Бојко Борисов ја напушти зградата на Националната полиција по сослушувањето на кое беше повикан. Тој изјави дека бил повикан на информативен разговор за три сигнала до полицијата кои датираат од 2009 до 2012 година.
-Централната изборна комисија ме понижи со нејзината желба да ме остави пратеник. Како таков не можев да бидам повикан тука, па среде ноќ се предомислија. Сите сигнали се однесуваа на тоа дека некој нешто слушнал додека правел крос, дека сум кажал некаква закана дека некого ќе изедам, рече Борисов.
За време на испрашувањето на поранешниот премиер пред зградата на Генералната дирекција на националната полиција во Софија, се одржа протест за негова поддршка.
За време на информативниот разговор тој беше придружуван од адвокатот Менко Менков, кој не даде изјава пред новинарите. Борисов беше пречекан со извици „Победа“, од страна на симпатизерите на ГЕРБ, кои исто така скандираа против претседателот Румен Радев и техничкиот министер за внатрешни работи Бојко Рашков.