Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судот во обид да ги забрза предметите кои одново ќе почнат

0
By НОВА ТВ Balaban on July 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 15, 2021 15:41

Судијата Горан Бошевски, од Кривичниот суд Скопје, неодамна разрешен и суспендиран од Судскиот совет, постапувал по 28 предмети (два се веќе завршени) и истите се поставени во системот АКМИС за расподелување кај другите судиите од Секторот за организиран криминал, брифираат од Кривичниот суд Скопје. Додека судијата поротник Митко Сандев, освен во предметите Талир, Тендери, Титаник и Топлик учествувал и во пет други предмети.

Од 2013 година согласно систематизацијата на Кривичен суд предвидени се да работат 200 судии поротници, односно актуелно во Кривичниот суд Скопје имаа 54 активни поротници и шест поротници избрани на 14 јули, кои дополнително треба да почнат со работа. Во последниот оглас објавен од Кривичен суд Скопје, за судии поротници биле пријавени 15 судиите поротниците, од 50 колку што се барале, а седум од пријавените биле на возраст од 58 години.

– Дневницата е мала. На месечно ниво земаат по 6000 денари, односно 500 денари од ден. Имаме различни ситуации со судиите поротниците. На сред судење во случајот „Ласкарци” судија поротник го известил судијата на предметот дека ќе си оди и законот не предвидел механизам во ваква ситуација да му се наметне на поротник да остане. Има случај кога судија поротник си заминал во Германија, велат од Кривичен суд Скопје. Од таму признават дека пропаѓаат предмети поради нив и дека таа функцијаа не е мотивирачка.

– За предметите каде судијата поротник беше Митко Сандев, ќе биде назначен нов судија поротник. Дали предметите ќе почнат од почеток воопшто не зависи од судот, односно тоа зависи од странките во постапката. Постои можност судењата по овие предмети да не почнат од почеток, туку во едно рочиште формално да се читаат записниците, појаснуваат од Кривичен суд Скопје.

– Во ниту еден од овие предмети не постои опасност да застарат, односно најрано застарува за еден обвинет во 2024 година, за сите други застаруваат во 2053 година. Опасност за застарување нема, тие не пропаднаа, може да почнат од почеток, но може и да продолжаат таму каде што застанале, велат од Кривичен суд Скопје, од каде велат дека кај одредени обвинети како што се Никола Груевски, Миле Јанакиевски, кои се обвинети во повеќе предмети треба да се внимава да не се повреди правото на одбраната со закажување на чести судења.

Нова ситуација со која се соочуваа Кривичниот суд Скопје, е конкурсот објавен од Судскиот совет за четири слободни места за судии во Скопската апелација, на кој може да конкурираат и судиите кои веќе ги водат предметите на поранешното СЈО. За МИА од Кривичен суд Скопје, велат дека постојано има движење на судиите, тие напредуваат од прв до трет степен.

– Доброто е што во последно време имавме и избор на 5 судиите за Кривичен суд Скопје, тоа е доброто. Во минатото немавме избор, туку имаше само одлив на судии, напредуваа во Апелација. Постои можност Судскиот совет да ги остави да ги довршат предметите тука, покрај тоа што ќе бидат избрани за судии во Апелација, истакнуваат од Кривичен суд Скопје.

Годишно во Кривчниот суд Скопје, се судат преку 100.000 предмети, од кои 70.000 предмети се нови. Согласно систематизацијата на овие предмети требат да работат 74 судии, меѓутоа моментално во кривичниот суд работат 44 судии.

– Работиме согласно капацитетот што го имаме. Судиите одбиваат да учествуваат како помошник, резервни судии во една постапка затоа што законот на крај при евалуација им ја намалува оценката. Потребни се измени на законот за да постапуваме и во овие ситуации, велат од Кривичен.

 

 

Кривичниот суд Скопје. обвинети расподелување Секторот за организиран криминал судии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.