Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

20 години затвор за хомеопат: Продавал апчиња кои „доживотно“ штитат од Ковид-19

0
By Ivana on July 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 15, 2021 21:20

Хомеопатот од Калифорнија, Џули А. Мази е обвинета за продажба на лажни сертификати за вакцинација и неефикасни апчиња против Ковид-19. Таа е уапсена и обвинета по две точки за медицинска измама.

На Мази и се заканува до 20 години затворска казна и стотици илјади долари парична казна.

Мази продавала апчиња за имунизација по цена од 243 долари. Таа тврдела дека тие содржат „многу мало количество“ коронавирус, што предизвикува имунолошки одговор и обезбедува „доживотен имунитет на Ковид-19“.

За да ги убеди клиентите да ги купат нејзините апчиња, Мази им кажувала дека вакцините одобрени во САД содржат „токсични состојки“. Таа, исто така, нудела хомеопатски лекови за детски болести и лажно тврдела дека тие ќе ги задоволат потребните услови за имунизација кои се бараат во калифорниските училишта, пишува Њујорк Тајмс.

Хомеопатот на својата веб-страница за себе си вели дека докторирала на Националниот универзитет за природна медицина во Портланд и е едуцирана за „традиционални медицински науки“ и „древни и модерни модалитети“ кои користат природни лекови. Таа наведува дека нуди и услуги на класична хомеопатија, создадена во Германија пред повеќе од 200 години.

Според хомеопатската наука, болеста може да се лекува со супстанца која произведува слични симптоми како и заболувањето и се дава во минимални дози. Австралискиот Национален совет за здравствени и медицински истражувања во 2015 година наведе дека нема многу докази оти хомеопатијата е ефикасна во лекување на болести и дека голем број поими во хомеопатијата не се согласно основните научни концепти.

Властите започнаа истрага против Џули Мази откако некој поднел жалба во април, велејќи дека нејзините роднини купиле таблети за имунизација против Ковид-19 и поради тоа не се вакцинирале против коронавирусот. Покрај таблетите, Мази им дала и сертификати за вакцинација против Ковид-19, во кои било наведено дека ја примиле вакцината Модерна. Таа им кажала како датумот за вакцинација да го запишат денот кога почнале да ги пијат апчињата.

Сè уште не е познато колку точно луѓе ги купиле апчињата за имунизација, но властите дознале дека Мази од јануари 2020 до мај 2021 година, преку компанијата за дигитално плаќање Сквер, добила повеќе од 200.000 долари.

апчиња затвор хомеопат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.