Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спорот меѓу Скопје и Софија високо на агендата на словенечкото претседателство со ЕУ

0
By Biljana on July 16, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 16, 2021 08:30

Словенечкиот претседател Борут Пахор вчера изрази надеж дека до октомври, кога Словенија е домаќин на самитот на лидерите на Европската унија и Западен Балкан, може да се постигне компромис, кој ќе ја отвори вратата за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.

„Сите ја разбираме сложеноста на овој процес. Посебен акцент е ставен на прашањето за компромис кој би бил прифатен од Северна Македонија и Бугарија. Тоа е еден од ретките мерливи резултати на словенечкото претседавање. Ако успееме во тоа, што нема да биде едноставно, тогаш можеме да кажаме дека сме направиле многу за проширувањето на ЕУ во земјите од Западен Балкан, бидејќи ќе ја зајакнеме довербата во веродостојноста на Унијата, која претходно и вети на Северна Македонија дека доколку ги исполни сите услови поврзани со грчката блокада, ќе добие „зелено светло” за продолжување на преговорите“, изјави словенечкиот претседател по средбата со неговите колеги од Хрватска Зоран Милановиќ и од Австрија Александар Ван дер Белен.

Хрватскиот претседател од своја страна истакна дека на „Северна Македонија не треба и да се поставуваат невозможни услови, кои влегуваат во интимниот простор на нацијата”.

„И околу Западен Балкан, и околу Северна Македонија и Албанија, јас многу јасно кажав пред еден или два месеца, кога е во прашање Северна Македонија, но сега некои работи се изменети. Имаше избори во Бугарија, се надевам дека тоа ќе ја олесни ситуацијата и дека на младиот, новиот и малку економски послабиот кандидат Северна Македонија, нема да и се прават проблеми и да и се поставуваат услови кои се невозможни, односно кои влегуваат во интимниот простор на нацијата“, додаде Милановиќ.

Шефот на словенечката држава објасни дека е многу важно, геополитичко прашање проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан, во спротивно, според неговите претходни ставови, „некои други играчи ќе влезат во тој простор на југозападна Европа”.

Тоа го потврди и австрискиот претседател Ван дер Белен, кој смета дека „тоа е еден од приоритетите, пред се, поради историски, економски и семејни причини”, нагласувајќи дека тоа е важно прашање за Австрија.

Како што рече вчера словенечкиот амбасадор во земјава Милан Предан, Словенечкото претседателство со ЕУ високо на својата агенда ќе го стави решавањето на спорот меѓу Скопје и Софија.

Словенечкиот амбасадор во обраќање на заедничката седница на Националниот совет за евроинтеграции и на Комисијата за европски прашања во Собранието, рече дека Словенија ќе настојува да се добие што е можно поскоро јасна слика за одредени позиции и не би сакале да чекаат до декември, туку доколку е можно порано да го решат ова прашање.

Евроамбасадорот Дејвид Гир истакна дека го разбира разочарувањето на граѓаните во изминатите месеци, поради неотворањето на преговорите за членство. Тој ги поздрави сите напори на претходните претседателства во однос на отворањето на преговорите, истакнувајќи дека ќе ја поддржат и Словенија, за што побрзо да се дојде до одлуката.

„Европската перспектива за Северна Македонија не е доведена во прашање. Сите лидери на земјите-членки на ЕУ и сите институции на Унијата потврдуваат дека нема друга алтернатива за С Македонија од влезот во Европската Унија. Сите заедно треба да работиме за да ги решаваме отворените прашања и да ги почнеме преговорите што е можно поскоро. Секој чекор во имплементација на реформите поврзани со ЕУ е еден чекор поблизу до Унијата. Реформите не се само за ЕУ туку се во интерес и на граѓаните“, рече Гир.

Словенечкото претседателство со Советот на ЕУ, коешто почна од 1 јули, се базира врз четири приоритети – отпорност, опоравување и стратешка автономија на ЕУ; Конференција за иднината на Европа; eвропски начин на живот, владеење на правото и еднакви критериуми за сите; кредибилна и сигурна ЕУ, способна да обезбеди безбедност и стабилност во нејзиното соседство.

Во исто време, претседателот на Собранието Џафери вчера од собраниска говорница соопшти дека предложената Резолуција од ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграцискиот пат на земјата и националните црвени линии е примена во Парламентот и дека најверојатно материјалите за неа ќе бидат испратени до пратениците и таа би можела да се најде на дневен ред на наредната седница.

ВМРО-ДПМНЕ бара Резолуцијата, која има поддршка од поголемиот дел политички партии застапени во Собранието, да биде обврзувачка за секоја следна влада, да се преговара рамноправно и да не се условува и да се почитува македонскиот јазик, идентитет и историја.

ЕУ Македонско-бугарски спор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.