Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворен новиот дел од бул. „Никола Карев“ во Скопје

0
By Ivana on July 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 17, 2021 12:03

По седум месеци Град Скопје ги заврши градежните работи на новиот бул. „Никола Карев“ во Скопје, со изградба на нови 980 метри, и денеска беше официјално пуштен во употреба. Инвестицијата на Град Скопје е околу 160 милиони денари.

Булеварот има четири коловозни ленти, две комбинирани – велосипедски и пешачки патеки поради фреквентниот сообраќај, а направен е и потпорен ѕид од 690 метри.  Има и лед (смарт) осветлување, за кое градоначалникот Петре Шилегов рече дека ќе биде воведено во фази во градот.

– Град Скопје на овој потег реши нешто што повеќе децении беше проблем на граѓаните на Скопје. За седум месеци успеавме да изградиме нови 980 метри нов булевар. Со потпорниот ѕид целосно го заштитивме автопатот и ридот кај касарната („Илинден“) со целосна подземна инсталација која ќе овозможи долготрајно и безбедно користење на овој скопски булевар. Минатата година почнавме со т.н. Пластичарска која е на истиот овој булевар „Никола Карев“, на потег од 1400 метри, и ова е всушност втора фаза, изјави Шилегов на официјалното отворање на булеварот.

За вторник најави почеток на градба на голема клучка кај Момин Поток, а од понеделник Град Скопје ќе ја почне и најавената реконструкција на многу градски сообраќајници.

– Затоа ги замолувам граѓаните на Скопје да бидат трпеливи и да ги почитуваат сообраќајните режими, ќе бидеме брзи и квалитетни, како и секогаш досега. Ја обновуваме инфраструктурата која повеќе децении не била ни воопшто пипната и во агендата на Град Скопје, рече Шилегов.

Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев изјави дека сообраќајницата „Никола Карев“ е исклучително важна за жителите на Карпош.

– Ова беше тесно грло и простор каде што се создаваше огромна гужва и граѓаните не можеа да стигнат до своите домови или на работните места. Дополнително, покрај решавање на сообраќајниот проблем, со овој булевар се создаваат и предуслови за урбанистичко ширење на градот на Скопје во северниот дел. Општина Карпош донесе и ДУП-ови за делот зад касарната „Илинден“ и ваквата инфраструктура и кружниот тек што е најавен за неколку дена кај Хубо-маркет и клучката, придонесуваат за развој на овој дел од градот, рече Богоев, додавајќи дека во неговата општина има тековни реконструкции на повеќе сообраќајници – во Карпош 1,2 и 3 и во Нерези.

булевар отворен Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.