НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест на граѓани за затворање на депонијата „Буково“ кај Охрид

0
By Ivana on July 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Жители на околните села во близина на планинскиот превој Буково денеска протестираа против работењето на депонијата „Буково“, притоа блокирајќи го пристапот на камионите и механизација на депонијата.

Тие се изреволтирани поради тоа што отпадот на депонијата гори, притоа се шири мошне непријатна миризба која не само што е тешко поднослива туку, како што нагласуваат, и опасна по нивното здравје. Нивните барања се задолжително да се преземат активности за затворање на депонијата „Буково“ каде се одлага отпадот од Охрид, Ресен и населените места од регионот, со најава дека ќе го блокираат пристапот до локацијата се додека не се санира односно не биде изгаснат пламенот што го загадува воздухот.

Томе Стојчески од ресенското село Крушје вели дека зголемен е и бројот жители од тој крај што боледуваат, некои дури и починале, од малигни заболувања на белите дробови. Сето тоа тој го поврзува токму со работата на депонијата.

– Селото Крушје е многу погодено од загаденоста од депонијата. Ваква загаденост не е видена, не се дише. Ова е неподносливо, многу луѓе се заболени, стоката исто така, пчелите, изјави тој.

Крсте Трајчески од селото Завој, член на Еколошкото друштво „Грашница“ од Охрид, вели дека подрачјето е мошне убаво и богато со флора и фауна, а поради депонијата со километри оддалеченост, особено во летните месеци од мај до септември, постојано се шири чад и непријатна миризба.

– Подземните води од овој дел одат или кон Охридското или кон Преспанското Езеро. Луѓето во Преспа не знаат каква вода пијат, рече тој.

Според најавите на учесниците на протестот, тие и наредните денови ќе дежураат на пристапот кон депонијата, за да спречат дотур на отпад се додека не се најде решение за нивниот проблем.

Непријатна миризба од депонијата кога гори понекогаш се чувствува дури и во Охрид, а е на дваесеттина километри оддалеченост од Буково.

Проблемот со комуналниот отпад од Охрид, Ресен, Струга и целиот Југозападен регион требаше да се реши со изградба на современа инсталација за преработка на отпадот, но планот таква фабрика да се гради во атарот на селото Годивје во Дебрца населението го отфрли на референдумско изјаснување. Тој проект веќе е напуштен, а решавањето на проблемот со одлагањето на отпадот и негова преработка ќе се бара со изградба на инсталација за преработка на отпадот на друга локација.

Како опција се размислува за напуштање на концептот секој регион да има своја депонија туку да се оди на поврзување на региони, преку изградба на централна депонија со систем за одлагање и третман на отпадот.

буково депеноја Охрид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.