Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Првоодделенците ќе учат по нова наставна програма од септември

0
By Ivana on July 19, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 19, 2021 10:10

Од септември првоодделенците ќе учат по нова наставна програма за што привршува подготовката на материјалите за учење. За предметот природни науки во тек е печатење на нов материјал на чија изработка работеа авторките: Билјана Лазареска, Биљана Стојановска, Соња Кирковска, и Нела Слезенкова Никовска.

– Создадовме прекрасен материјал кој ќе биде интересен и возбудлив за учениците, бидејќи тие се најсреќни во училницата кога изведуваме експерименти и кога имаат пред себе наставен материјал кој е шаренолик и богат со илустации – вели авторката Билјана Лазареска.

Според Лазареска содржината на материјалот е разбирлива за учениците, а целта е преку активности и игри да се воведуваат во наставната материја и да ги разберат аспектите на родова еднаквост, интеркултурализмот, инклузијата, заштитата на животната средина, почитувањето, правата и слично.

– Се надеваме дека овој учебник ќе овозможи еден поинаков пристап во наставата и ќе ги зголеми компетенциите на знаења, способности, вештини и ставовите. Ќе им овозможи на учениците учење со разбирање кое помага во развој на критичкото размислување и креативноста, што е и целта на самите реформски процеси – вели Лазареска.

Имплементацијата на новата Концепција, која МОН ја изработи во соработка со Бирото за развој на образование, стартува од новата учебна година во прво и четврто одделение за што се развиваат и изработуваат материјали за учење кои се целосно усогласени со новите наставни програми. Промените ќе се прават етапно, а целосната имплементација на реформата во деветолетката се очекува да заврши за 5-6 години.

Новите материјали за учење се изработуваат во координација со БРО, а исто така материјалот го разгледува и рецензентска комисија и универзитетски професори, велат од министерството.

првооделенци програма учење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.