Германскиот систем за предупредување од природни катастрофи е критикуван поради задоцнето предупредување на граѓаните за време на поплавите што ја зафатија западна Германија минатата недела.
„Кога станува збор за заштита од катастрофи, ние сме исто толку лошо подготвени како што бевме со пандемијата“, изјави за „Рајнише пост“ Карл Лаутербах, портпарол на владејачката Социјалдемократска партија на Германија (СПД).
Тој рече дека Германија треба да биде подобро подготвена за вакви случаи затоа што во иднина ќе има „и повеќе пандемии и повеќе катастрофи“ како онаа што ја погоди земјата минатата недела.
Дебатата во Германија се засили откако британските медиуми објавија изјави на некои експерти кои велат дека Германија повеќе пати била предупредувана од европските институции за пристигнување на огромни количини врнежи.
Британскиот хидролог и една од авторките на Европскиот систем за предупредување од поплави (ЕФАС) Хана Клок изјави дека Германија била предупредена за оваа веројатност 24 часа пред да се излее реката Ахр. Подоцна, над 100 луѓе загинаа на овие простори.
„Издадовме над 200 предупредувања преку нашите апликации и медиуми“, рече Шустер.
Тој додаде дека не е можно прецизно да се каже каде може да се излеат реките.
Шустер се заложи за тоа повторно да се вклучи системот за тревога, што би функционирал и во случај, како што беше минатата недела, да се расипат мобилните телекомуникациски мрежи.