НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Над 40 илјади картички им се поделени на српските туристи како благодарност за вакцините

0
By НОВА ТВ on July 20, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска му беше домаќин на министерот за инфраструктура, градежништво и сообраќај на Република Србија, Томислав Момировиќ. Двајцата на ГП Табановце поделија бесплатни М-картички за патарина на граѓани на Србија. Такви картички за возила на српските туристи се доделуваат од 15. минатиот месец на ГП Табановце, во знак на благодарност до Србија поради донацијата во вакцини против Ковид 19, а со одлука на Владата.

Преку 41 илјади бесплатни картички досега се поделени на српските туристи, откри министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

-Оваа мерка, со одлука на Влада, се спроведува од 15 јуни до 15 август кога фреквенцијата на српските туристи е најголема. Досега се поделени преку 41 илјада картички. Процесот продолжува и натаму како гест на благодарност кон граѓаните на Република Србија за нивниот хуман однос, со тоа што во најголемата криза тие доделија бесплатни вакцини за граѓаните од нашата земја. Исто така, ги поканувам да ги посетат нашите туристички центри во Република Северна Македонија, истакна Бочварски.

Од друга страна, неговиот српски колега Момировиќ, порача дека Србија дава големо значење на односите со Северна Македонија.

-Не поврзува историјата и длабоките корени меѓу нашите народи. Србија, во ек на пандемија, покажа дека храбро стои до своите соседи, а така ќе биде и во иднина. Во знак на благодарност, Владата на Република Северна Македонија, им овозможи на српските граѓани бесплатно да ги користи патиштата. Во име на сите граѓани на Србија им се заблагодарувам на македонските власти, кажа Момировиќ.

Инаку, Бочварски посочи дека двајцата зборувале за соработка на уште повисоко ниво.

– Во таа насока ќе го реализираме проектот за „оне-стоп-шоп“ железничка станица тука на Табановце, каде на едно место ќе се завршат сите царински и гранични постапки за побрз проток на луѓе и стока. Можам да најавам повторно воведување на брзиот воз на релација Белград-Скопје-Солун, изјави министерот.

Според него, на најдобар можен начин треба да се искористи и модерната патна врска од Коридорот 10, каде дополнително би се забрзал сообраќајот преку т.н. „брзи ленти“ на граничните премини.

-Развојот е условен од подеднаков развој во сите земји од Западен Балкан, со цел да се обезбеди просперитет на граѓаните, да се олеснат трговијата и транспортот. Ние остануваме посветени и на нашиот пат кон Европската унија. Нашето пријателство дополнително ќе го градиме за благосостојба на нашите граѓани, заклучи Бочварски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.