Денеска на пладне на Конгрес СДСМ ќе ги објави кандидатските листи за пратеници за предвремените парламентарни избори.
Извори на НОВА во партијата велат дека воглавно листите ќе бидат составени од нови кадри, а партискиот врв жестоко расправал до доцна синоќа. Извесно е дека Јани Макрадули, Емилијан Станковиќ и Наташа Савова нема да се најдат помеѓу кандидатите.
Истовремено, Ѓорѓе Иванов, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ во хотелот Александар Палас ќе ја претставува својата програма, иако официјалниот старт на кампањата, според ДИК, е утре.