Пет општини во Србија прогласија вонредна состојба, откако обилните дождови предизвикаа поплави на неколку локации.
Општината Чуприја информираше дека вонредната состојба ја прогласува за побрза реакција во санирање на штетите предзвикани од невремето. Вонредна состојба прогласија и општините, Петровац на Млава, Лебане, Црна Трава и Бела Планика, јавуваат српските медиуми.
Српскиот хидрометереолошки завод издаде предупредување за силни врнежи во подрачјето на Банат и во јужниот дел од земјата на границата со Македонија. Циклон од Хрватска пристигна во Србија пред неколку дена, кога започнаа обилни дождови и предизвикаа поплави на повеќе места.