Кандидатските листи на СДСМ за престојните парламентарни избори кои ќе бидат преставени денеска попладне ќе донесат многу изненадувања, а една од најгласните шпекулации е дека во раководството на партијата нема да се најде на истите, односно Заев и Шеќеринска остануваат цврсто на ставот листите да ги предводат нови кадри, тврдат извори на НОВА во партијата.
Според порталот А1 он, засега се шпекулира дека предлогот на извршниот одбор е Рената Десковска да ја води првата изборна единица, Петре Шилегов втората, Марјанчо Николов третата, Харли Локвенец четвртата, Васко Ковачевски петтата, а Стојко Пауновски шестата изборна единица.
Официјалната промоција на листите ќе биде во 14 часот за кога е закажан конгресот на СДСМ.