НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грчка црква: Вакцините против ковид-19 не содржат микрочип

0
By НОВА ТВ Balaban on July 21, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Светиот синод на црквата на Грција, знаејќи дека вакцинацијата е најголем чин на одговорност кон ближните, им препорачува на сите, во консултација со нивниот лекар, да го искористат овој дар од Бог, за самите да се заштитиме, но да ги заштитиме и другите, пишува во циркуларното писмо „Црквата и науката во борбата со пандемијата“, испратено од Светиот синод на ГПЦ до сите соборни храмови и цркви и кое ќе им се прочита на верниците за време на литургијата во недела, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, ги повикуваат верниците „да го слушаат гласот на науката и на експертите“ и додаваат дека многу пати, преку социјалните мрежи се шират непроверени ставови, „на кои им недостасува научност, но и црковен дух“.

Затоа, заедно со циркуларното писмо, за информирање, како на верниците, така и на свештените лица, изготвен е мал прирачник „Христијаните нè прашуваат за вакцината, а лекарите ни одговараат“, кој содржи одговори на 12 прашања, теории, митови, сомнежи поврзани со вакцината против ковид-19, меѓу кои и оние дека „вакцината содржи микрочип“ или „клетки од ембрион“ или „ги менува личните особини“.

– Вакцините против ковид-19 не содржат микрочип. Ова се нереални теории кои се темелат на кампања на интернет за дезинформација, пишува во одговорот на надлежните лекари на прашањето за микрочиповите.

За теоријата дека „вакцината содржи клетки од ембрион и кога ќе ја примиш е како да го убиваш ембрионот за ти да живееш“, лекарите, во одговорот објаснуваат дека „ниту една од вакцините што се користат во Грција не содржи ембрионални клетки“, а категорични се и во однос на прашањето дека по вакцинацијата се контролираат личните особини.

– Вакцината не влијае на личните особини на вакцинираното лице, пишува во одговорот во упатствата „Христијаните нè прашуваат за вакцината, а лекарите ни одговараат“.

Одговорите на прашањата се куси и јасни, а опфатени се теми поврзани и со репродуктивното здравје на вакцинираните, разликата меѓу традиционалните вакцини и mRNA вакцините, мутацијата Делта итн.

На крајот од прирачникот, од ГПЦ истакнуваат дека имаат доверба во научната заедница, „која деноноќно се бори за ослободување на луѓето од смртоносната пандемија“, а човештвото веќе има на располагање вакцина, која може да подигне ѕид во ширењето на пандемијата.

Додаваат дека вакцинацијата е најголем чин на одговорност кон ближните, а вакцината не е во никаква спротивност со учењето на црквата.

-Па така, членовите на црквата можат слободно, според упатството на нивниот лекар, да изберат чин на вакцинација, без било каков страв дека овој избор ќе влијае врз нивниот однос со Бога и црквата, пишуваат од ГПЦ. 

На последниот состанок на Светиот синод на ГПЦ минатата седмица, присутни беа и министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас и епидемиологот Сотирис Циодрас кои членовите ги информираа како за вакцината, така и за текот на пандемијата во земјата.

вакцини грчка Црква Ковид-19 микрочип содржат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.