НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарија е „тројанскиот коњ“ на израелскиот шпионски софтвер во мобилните мрежи?!

0
By НОВА ТВ on July 22, 2021 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Скандалот со „Пегаз“ покажува до кој степен овој софтвер претставува кибер оружје. Достапен е за Владите, но и за други групи поради трговски интереси, а најважно го користат и режимите кои не го признаваат владеењето на правото, како Азербејџан, Мароко и други држави“, појасни во емисијата „Чесно кажано“ бугарскиот истражувачки новинар Атанас Чобанов, кој детално ја откри и „бугарската врска“ во целиот скандал.

-Во Израел се произведува софтверот во фирмата „НСО Груп“, но бугарската компанија „Circles“ е нивен претставник за трети страни. Таа фирма е регистрирана во Бугарија во 2015 година. Претстави си дека имаш оружје, но ти не знаеш како да го најдеш купувачот. За овој софтвер е потребен телефонски број, треба да го лоцираш телефонскиот број, а „Circles“ токму тоа го прави. Тие се имаат регистрирано во Бугарија како виртуелен оператор, што автоматски ги вклучува во истата мрежа каде се и мобилните оператори. Преку истата мрежа тие точно откриваат на која локација е бараниот телефон. И тоа не само за телефони од Бугарија, туку за било која држава, открива Чобанов.

Според новинарот, во зависност од тоа каде се наоѓа телефонскиот број, преку ова „оружје“ може да се испрати скриена порака и преку неа софтверот влегува внатре во телефонот, по што целосно го контролира. Односно, како што вели Чобанов, „Пегаз“ слетува без корисникот на телефонот да забележи нешто.

-Треба да се дознае зошто Бугарија дозволила оваа израелска фирма што се занимава со шпионирање на телефони да се регистрира во Софија како бугарски оператор и да има пристап до мрежите на сите мобилни оператори од целиот свет. За ова да се случи е неопходна лиценца, која е издадена од државата. Ние го внесовме „Пегаз“ како „тројански коњ“, односно поконкретно Бугарија е „тројанскиот коњ“ за израелската фирма, додава новинарот.

Тој открива дека фирмата „Circles“ не само што се уште постои во Бугарија, туку и просперира, зголемувајќи го персоналот од десет на сто и педесет вработени.

-Ова не е првпат израелски компании кои произведуваат слични софтвери и производи да ја искористуваат Бугарија за влез во Европа и други држави. Многу е лесно преку Бугарија да ја направат легитимна  работата како виртуелен оператор во европското пространство, заклучува Чобанов.

Инаку, како што објави угледниот британски весник „Гардијан“ активисти за човекови права, новинари и адвокати од целиот свет, биле цел на авторитарни влади кои користеле софтвер за хакирање кој го продавала израелската компанија за следење „НСО Груп“.

Истрагата спроведена од „Гардијан“ и од 16 други медиумски организации, упатува на широко распространета и континуирана злоупотреба на хакерскиот шпионски софтвер на „НСО“, „Пегаз“, за кој компанијата тврди дека е наменет за користење само против криминалци и терористи.

Анализата на податоците упатува на тоа дека земјата-клиент на „НСО“ што избрала најмногу броеви, повеќе од 15.000 била Мексико. За неа се знаело дека повеќе нејзини државни служби купиле „Пегаз“. И Мароко и Обединетите Арапски Емирати, избрале повеќе од 10.000 броеви, покажува анализата.

Избраните телефонски броеви опфаќале над 45 земји од четири континенти. Од европските земји имало избрано над 1.000 броеви, кои според анализата, биле за клиенти на „НСО“ – над 1.000 француски броеви и околу 500 од Турција. Од Алжир имало избрано околу 6.000 телефонски броеви.

Телефонскиот број на францускиот претседател, Емануеал Макрон и на уште на 13 други претседатели на држави и на Влади, се најдоа на спсокот на шпионскиот софтвер „Пегаз“, објави „Ле Монд“. Според медиумот, Макрон бил селектиран како личност од интерес од Мароко во 2019 година.

Макрон не е таргет на ниту еден од клиентите, тврдат од „НСО Груп“. Компанијата негира дека тој бил избран за шпионирање преку софтверот „Пегаз“, бидејќи според нив со стамото тоа што се појавил на списокот не значи дека бил следен преку софтвер.

Францускиот премиер Жан Кастекс претходно денеска изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон побарал серија истраги за случајот со шпионскиот софтвер „Пегаз“.

И актуелниот претседател на Советот на Европската Унија, Шарл Мишел бил селектиран како личност од интерес од Мароко во 2019 година, во период кога беше премиер на Белгија.

Израел формираше тим за истрага на наводната злоупотреба на израелскиот шпионски софтвер „Пегаз“ на глобално ниво. Тимот, предводен од Советот за национална безбедност, му поднесува извештаи на премиерот Нафтали Бенет и има поширок спектар на експертиза од Министерството за одбрана, кое го надгледува извозот на софтверот „Пегаз“ од страна на компанијата „НСО Груп“.

Американската агенција за глобални медиуми е револтирана од извештаите дека над 180 новинари – вклучително и на „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“ наводно биле мета на софистициран шпионски софтвер од воена класа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.