Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

В понеделник во 21 часот Градски Парк: Концерт на Филхармонија и „Архангел“

0
By Mirjana on July 23, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 23, 2021 15:14

Tрадиционално во соработка со град Скопје на 26 јули во 21 часот во Градскиот Парк ќе се одржи концертот „Филхармонија на отворено“. Оваа година концертот е посветен на музиката на еден од најзначајните македонски бендови „Архангел“, во оригинална и автентична оркестрација на Џијан Емин. Публиката ќе има исклучителна можност да ги чуе безвременските песни на овој култен македонски бенд со кој пораснаа многу генерации. Оркестрацијата на Емин ги следи авторските компоненти на песните, но, оркестрацијата е целосно авторска и оригинална. Џијан Емин е диригент на овој концерт, а со оркестарот ќе настапи и фронтменот на Архангел – Ристо Вртев.

-Многу сме среќни, што и оваа година, го реализираме концертот „Филхармонија на отворено“, настан кој премина во традиција, посебно што оваа година тој е посветен на „Архангел“ – бендот кој остави траен печат во македонската рок историја. Сите знаеме кои се „Архангел“, кој е Ристо Вртев, тој е вистински волшебник за мене – вели Тина Иванова, в.д. диркторка на Филхармонија.

Ристо Вртев, вели дека привилегија е за секој рок музичар да има ваков оркестар зад себе, и дека ваквите проекти треба да станат традиција.

-Сега, додека ги пејам песните, во ваков амбиент, откривам нови работи, ми будат поинакви емоции од времето кога беа напишани. Се надевам дека со овој концерт ќе придонесеме нашиот град да биде уште поубав – вели Вртев.

Оркестрациите на песните се на Џијан Емин и тие ќе понудат поинаква звучна слика на песните од „Архангел“.

-И покрај тоа што сум работел со „Архангел“, мојот прв настап со овој бенд како клавијатурист беше во 1998 година, јас себеси, пред се се гледам како фан на овој исклучителен македонски бенд. Така што можам да кажам дека, покрај тоа што ќе го водам овој концерт во сабота, јас воедно ќе бидам и дел од публиката – истакна Емин.

Традиционално овој концерт се реализира во соработка со Град Скопје.

-Возбудени сме што оваа година одбележувањето од трагичниот земјотрес на нашиот град ќе биде збогатено со најдоброто нешто, со музиката на еден од најдобрите македонски бендови „Архангел“. Добрите познавачи ја ставаат оваа музика во т.н. категорија на безвременски песни кои му пркосат на времето и живеат вечно, благодарени на својот врвен музички квалитет – вели Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје.

Дизајнот на плакатот за настанот е на Горан Златевски, а концертот ќе биде збогатен и со визуелизацијата на Наташа Поплавска, а анимациите на Дејан Матиќ -Део.

архангел концерт Филхармонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.