Малена и Клепетан се штркови чија што љубовна приказна се прочу надалеку.
Оваа година Клепетан по дванесетти пат се врати во Хрватска кај својата сакана Малена, која има скршено крило, во нивното љубовно гнездо на покривот на основното училиште во хрватскиот Бродски Варош.
Илјадниците километри не го спречуваат Клепетан да ги прелетува секоја година и да дојде кај својата сакана која не може одамна да лета и која ја негува пензионерот Стјепан Вокиќ. На Малена и е скршено крилото а мажјакот Клепетан секоја година оди за Африка поминувајќи 13.500 километри во една насока.
“Оваа година Клепетан се врати порано отколку обично”, вели пензионерот за Вечерњи Лист. Тој одлучил да ја негува Малена која ја повредиле ловци пред 20 години.
На негово огромно изненадување Клепетан не ја заборавил својата сакана. Тој се враќа секоја пролет и речиси секоја година се раѓаат малечки. Потоа Клепетан им помага да научат да летаат и заминува за јужна Африка додека неговата сакана останува во хрватското село.
Според Стјепан, многумина стравувале дека Клепетан нема да се врати годинава бидејќи има триесетина години и е стар. Малена одбивала да јаде во последните денови и нервозно го очекувала својот партнер.
“Помладите штркови се вратија минатата недела. Порано дојдоа бидејќи нема дожд па со самото тоа ни храна. Клепетан е искусен стар лисец и знаев дека не е загинат. Кога ќе почувствува дека му доаѓа крајот тој нема ни да замине за Африка”, објаснува Стјепан. И додава дека сега, кога Клепетан се вратил, заминала во љубовното гнездо на покривот на училиштето. “Штом тој доаѓа таа заборава дека постојам”, со насмевка вели Стјепан.