НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Десетмина загинати и 45 повредени во несреќата со косовскиот автобус

0
By Biljana on July 25, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во автобуската несреќа што утринава се случи на автопатот во близина на наплатните рампи кај Славонски Брод досега има 10 мртви и 45 повредени патници во автобусот со косовски регистерски таблички.

Автобусот сообраќал на линијата Франкфурт-Приштина, а во него имало околу 60 патници.

„Автобусот бил полн со патници“, им изјави началникот на сообраќајната полициска станица „Славонски Брод“, Фрањо Галиќ, за новинарите, пренесе локланиот СБ онлајн.

Во првичните полициски информации се говореше за несреќа на автобус со македонски регистерски ознаки и тројца мртви и десетина повредени, но потоа бројката на загинати патници се зголеми прво на осум, за подоцна полицијата да објави дека има десет мртви.

„Ситуацијата е многу тешка и се уште има голем број патници со повреди опасни по животот“, изјави Дамир Брезиќ, портпарол на полицијата во Брод-Посавина.

„За време на истрагата, полицијата утврди дека станува збор за автобус со косовски регистарски таблички и дека, според моментално достапните информации, во несреќата загинале 10 лица, додека неколку десетици се пренесени во болницата во Славонски Брод на лекарско лекување. Повеќе информации ќе имаме откако ќе заврши истрагата, соопшти полицијата.

Хрватскиот авто-мото сојуз соопшти дека сообраќајот е во прекин. „Поради сообраќајна несреќа, сообраќајот е во прекин на автопатот А3 Брегана-Липовац, меѓу клучките Славонски Брод Запад и Славонски Брод Исток, во правец кон Липовац“.

Директорот на болницата во Славонски Брод, др. Јосип Самарџиќ, изјави дека од утрово во болница се примени 45 лица, кои побарале лекарска помош по тешката несреќа на автопатот, а осуммина од нив се со потешки повреди.

За несреќата реакција стигна и од хрватскиот премиер. “Со голема тага ја примивме веста за автобусот што слетал од автопатот кај Славонски Брод, во кој животот го загубија 10 лица. Мислиме на семејствата на жртвите и на косовските власти и луѓе, на кои им изразуваме нашето најдлабоко сочувство и сочувство“, напиша Пленковиќ на Твитер.

Тој додаде дека министерот Вили Берош и шефот на цивилната заштита Дамир Трут биле на пат кон местото за да се запознаат со околностите на несреќата.

превртен автобус
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.