НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателската двојка Пендаровски се сретна со лица од центарот„Доза среќа“

0
By Mirjana on July 26, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска денеска во Кабинетот на Претседателот се сретнаа со членови на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар Доза среќа“.

Членовите на „Дневен центар Доза среќа“ ги запознаа Претседателот и неговата сопруга со актуелните активности на ова здружение во насока на унапредување на квалитетот на живот и остварување на правата на лицата со Даунов синдром, како и со предизвиците со кои се соочуваат при нивното реализирање и во нивното секојдневие.

Честитајќи им ги постигнатите успеси на светските натпревари за млади иноватори и на натпреварот за наука, животна средина и инженерство, од каде се вратија со три златни и еден сребрен медал, како и со специјална награда на жирито, Претседателот и неговата сопруга им посакаа нови успеси на претстојниот светски натпревар којшто ќе се одржи во август во Канада, а на кој ќе учествуваат со проект на тема лековити билки и нивна примена.

Здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар Доза среќа“ активно работи на подигнување на јавната свест за остварување на основните права на лицата со Даунов синдром, овозможување на соодветни услови за рана интервенција, рехабилитација и инклузија за секое дете со Даунов синдром преку информирање за мрежата ширум земјава која ги третира проблемите на овие лица, а голем дел од нивните активности се насочени и кон едукација на родителите, семејството и пошироката јавност за потребите на овие лица и нивна инклузија во општеството.

лица Даунов Пендаровски Прием
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.