Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ердоган до ОН и ЕУ: „Твитер“ е наше внатрешно прашање

0
By Нова ТВ on March 26, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 26, 2014 12:35


Турски суд издаде налог со кој им се наредува на телекомуникациските службеници да го отворат пристапот до Твитер, пет ден откако владата на Ердоган го блокираше.

– Со оглед на тоа дека ова е суспензија на одлуката, во сила може да ја врати само судот, кој ја суспендираше. Затоа властите ќе мора да побараат ново мислење од судот, изјави асистентот во Центарот за ИТ политика од Принстон, Зејнеп Туфекчи.

Турскиот суд официјално го блокираше Твитер поради „жалбите на граѓаните дека социјалната мрежа ја крши приватноста“. Турскиот телекомуникациски регулатор БТК соопшти дека побарал од Твитер да повлече одредени содржини и линкови од мрежата, на што немало одговор.

– Бидејќи немаше друг избор, пристапот до Твитер е блокиран во согласност со одлуката на судот, со цел да се избегне натамошната виктимизација на граѓаните, се наведува во соопштението.

Твитер не ги почитуваше одлуките на турските судови и затоа властите во земјата го блокираа пристапот до таа социјална мрежа, а оваа мерка е внатрешно прашање на Турција, изјави во предизборното интервју турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.

„Доколку не ги поправите проблемите, ќе го затвориме сајтот. Доколку се придржувате до нив, ќе ја отстраниме забраната. Што е Твитер? Тоа е компанија а Ју Тјуб стои позади неа. Тие работата со правниците на Ју Тјуб“, рече Ердоган. (изјава видео горе)

На критиките од ОН и европските земји, Ердоган побара од ЕУ да се занимава со своите проблеми.

– Тоа што ние го сторивме е наше внатрешно прашање. За тоа има судски одлуки. Зошто ЕУ го игнорира тоа што се случува во други земји? Нека се однесува со нас, онака како што се однесува со другите земји, рече Ердоган.

Во однос на забраната, и обвиненијата од страна на ЕУ за нарушување на човековите права, Ердоган вели е неоправдано.

– Што се однесува со слободите, ние сме отидени многу понапред од повеќето земји во ЕУ. Таква слобода на информирањето, како кај нас, нема во повеќето од нив. Човек може да го нарече и навреди премиерот како сака. Такво нешто не може да се направи во повеќето од тие земји, рече Ердоган.

Пристапот до Твитер во Турција беше блокиран на 20 март.

„Анкара може да ги загрози меѓународните обврски од областа на човековите права со забраната на социјалната мрежа Твитер“, посочуја вчера Обединетите и ја повикаа Турција да ја тргне забраната.

– Ние сме загрижени дека блокадата на 20. март на пристапот до Твитер од агенцијата за -телекомуникации може да е во спротивност со меѓународните обврски на Турција во областа на човековите права, изјави Руперт Колвил, портпаролот на Врховниот комесар на ОН за човекови права.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.