НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Конвенцијата за бегалци-70 години заштита на животот на луѓето приморани да избегаат

0
By Ivana on July 29, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Конвенцијата за статусот на бегалците од 1951 година се смета за клучен меѓународен договор. Оценуваат дека одновото правење заложба кон духот и фундаменталните принципи на Конвенцијата денес е поитно од кога и да е, наведуваат од УНХЦР – Агенцијата на ОН за бегалци.

Филипо Гранди, висок комесар за бегалци при Обединетите Нации по повод одбележувањето 70 години од документот вели Конвенцијата продолжува да ги штити правата на бегалците насекаде низ светот. Благодарение на Конвенцијата, милиони животи се спасени, додава Гранди.

– Седумдесет години откако е напишана, клучно е меѓународната заедница да ги брани нејзините
принципи, изјави Гранди.

Во колумна по повод годишнината од Конвенцијата, тој алармира за скорешните обиди на некои влади да не ги почитуваат или да ги заобиколат принципите на Конвенцијата, од протерувања и нерегуларни враќања на бегалци и баратели на азил преку копнени и поморски граници, па сè до предлози за
нивно насилно префрлање во трети држави за процесирање без соодветни мерки за
заштита.

Зборувајќи на 70-годишнина од денот кога во 1951г. Конвенцијата за статусот на бегалците беше претставена на државите за потпишување, Гранди изјави дека овој договор е клучна компонента од меѓународното право за човекови права и останува исто толку релевантен денеска како кога бил напишан и договорен.

– Јазикот на Конвенцијата е јасен што се однесува на правата на бегалците и останува применлив во контекстот на современите и досега непознати предизвици и вонредни состојби – како пандемијата со КОВИД-19, вели Гранди.

И Конвенцијата за бегалците од 1951 и поскорешниот Глобален договор за бегалците бараат меѓународна соработка со цел да се изнајде низа решенија за бегалците. Гранди ја потенцираше потребата од тоа меѓународната заедница да ги почитува клучните принципи на заштита на бегалците како што се изложени во Конвенцијата, вклучувајќи го правото на некој што бега од прогон да не биде вратен во опасност.

Седумдесеттата годишнина на Конвенцијата за статусот на бегалците доаѓа само неколку месеци откако и самата агенција УНХЦР одбележа седум децении како светска организација со мандат за заштита на присилно раселените лица.

бегалци конвенција УНХЦР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.