Стихозбирката „Препки“ и книгата прозни записи „Врежанки“ се двете нови дела на македонскиот писател Ристо Лазаров.
Делата се издание на „Везилка 2011“. „Препки“ е 26-та стихозбирка на Ристо Лазаров. Во поговорот кон изданието, професорката Елизабета Шелева подвлекува дека станува збор за урбана лирика.
– Лазаров е поет кој е на ти со поезијата“, ама и со современоста, заклучува Шелева.
„Врежанки“ е прва книга прозни записи на Лазаров. Содржи 50 записи. Во книгата е поместен и поговор на Гоце Смилевски кој неа ја дефинира како фрагменти од личната историја на Лазаров.
Смилевски проценува дека записите на Ристо Лазаров во „Врежанки“ се карактеризираат со рефлексивна носталгија.