НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ: Брзата пруга Белград-Прешево ќе биде готова до 2026 година

0
By НОВА ТВ on August 2, 2021 СВЕТ
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Последните анализи се во тек пред потпишување на рамковниот договор за изградба на брзата пруга Белград-Ниш-Прешево, соопшти денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ на својот официјален Инстаграм профил. Иако изградбата на таа модерна железничка делница, каде возовите би се движеле до 200 километри на час, повеќепати е најавувана, датумот на почетокот на работите се уште не е познат. Она што е најавено сепак е нејзиниот завршеток – почеток на 2026 година, јави допсиникот на МИА од Белград.

-Последната анализа пред потпишувањето на рамковниот договор за изградба на брзата железница Белград – Ниш – Прешево, изградба на нови делници од пругата во Србија, како и модернизација на постојните. Железничкиот сообраќај е дел од зелената агенда на модерна Европа, но и дел од економијата која забрзано придонесува за раст. Во следните 2 месеци очекуваме големи договори за нашата земја – соопшти претседателот на Србија на својот Инстаграм налог.

Изградба на брзата пруга од Белград до Ниш и Прешево до границата со Северна Македонија, Вучиќ ја најави на крајот на април за време на посетата на Брисел. Како што изјави тогаш, тој проект ќе биде делумно финансиран од европски фондови со најмалку 35 отсто учество, а неговото завршување го најви за почетокот на 2026 година.

-Ни се брза, бидејќи Србија мора да достигне чекор со развиената Европа, а целата нација да ја потсетиме на фактот дека возовите постојат во Србија, дека се почисти и поубави од било кога, и дека пругите ќе ни бидат модерни и побрзи. Да живее Србија – напиша Вучиќ.

Вучиќ неодамна кажа дека со изградбата на таа пруга, Ниш ќе стане апсолутен центар на Југоисточна Европа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.