НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новите адути на СДСМ во четвртата изборна единица

0
By Томе Христов on March 29, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Социјалдемократскиот сојуз во четвртата изборна единица, како и во речиси сите други единици, ќе истрча со нови имиња. За најголем дел од гласачкото неопределено тело адутите на опозицијата засеа се прилично непознати. Меѓу првите десет на кандидатската листа од струмичкиот регион од вкупно тројца, единствено по втор пат во трка ќе биде досегашниот пратеник Панче Орцев, кој се наоѓа на второто место.

Роден е во 1955 година во Струмица, а во политичкиот живот е активен од 1998 година. Најдолго во својата кариера се задржува на директорското место на ЈПКД „Комуналец“, за кое самиот смета дека токму таму има постигнато најмногу за градот. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ пак, го обвини дека пратеничкото место го заслужил со делење тендери на фирми блиски до Заев, токму во времето кога ја извршувал функцијата директор на „Комуналец“. Како пратеник најзабележителен е во делот на локалната самоуправа, транспорт и врски и земјоделството. За себе вели дека и понатаму ќе се залага за подобрување на инфраструктурата како и созадавање на поволни услови за изградба на производствени погони со цел подобра економска состојба и нови вработување. Струмичани се сеќаваат и на партиските препукувања помеѓу Орцев и Пишев за пресудата што ја доби пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ за, како што самиот истакна, граѓанска одговорност и клевета од страна на Панче Орцев, кој пак го обвинуваше Пишев дека има резервна татковина и дека семејниот бизнис го води во Бугарија.

На осмото место на листата на СДСМ од Струмица е Марјан Даскаловски, кој во моментот ја извршува функцијата Претседател на Советот на општина Струмица. Советниците годинава по втор пат го избраа за претседател. Роден е 1964 година во Струмица, дипломиран Правник. Од 2006 година е член на Извршниот одбор на ОО-СДСМ во Струмица. Од 2011 година е Претседател на ОО-СДСМ. Меѓу Струмичани важи за близок човек до народот. Во иднина Даскалов ветува дека ќе остане ист зошто, како што вели, Струмица заслужува да има народен пратеник, кој ќе ги изнесува сите проблеми на Струмичани во Собранието.

Едно место подолу на листата е Живка Гавровска. Родена е во Струмица, а живее во општина Босилово. Во 2009 година дипломира на педагошкиот факултет во Скопје за веднаш и да запише постдипломски студии по педагошки науки. Во моментот е невработена. Член е на СДСМ од 2013 година, а од својата осумнаесета година е активно вклучена во сите изборни кампањи. Членството на СДСМ ја смета како енергична и принципиелна советничка. Во трката за иден пратеник вели дека ќе придонесе за доброто на сите граѓани исто како и досега по што впрочем ја паметиле граѓаните на општина Босилово.

На четвртото место во четвртата изборна единица е Бетиан Китев , кандидатот за градоначалник на Кавадарци на локалните избори во 2013година кој изгуби со над три илјади гласови од неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник Александар Панов. Роден 1985 година во Скопје, а живее во Кавадарци. Магистер е по политички науки и докторант на факултетот за општествени науки во Љублана. Во моментот не работи но се надева на добитно место како пратеник . Активната политичка кариера му започнува во 2003 година како член на ОО СДСМ-Кавадарци. Во 2004-та е избран за член на И.О на Л.К СДММ-Кавадарци, а во јуни 2005 за најмлад член на Ц.О на СДММ. Во периодот од 2009-2013 е советник во советот на Општина Квадарци.
На 14 Конгрес на СДСМ беше избран за член на Централниот Одбор на СДСМ.

На петтото место на кандидатскта листа се наоѓа Сашко Поцков од Гевгелија, магистар по економски науки. Работи како менаџер во осигуравање. Член е на СДСМ од 1994 година . Од 2009 година е носител на советничката листа. Во 2013 година е претседател на ООна СДСМ Гевгелија. Во периодот од 1997 до 1999 година ја извршувал функцијата генерален директор во ВИК „Винојуг“. Во иднина како иден пратеник вели дека ќе се залага за решавање на проблемот со водата како и со влевање на парите од постоечките казина во буџетот на општината, а не како што тоа било практика досега парите да завршуваат во касата на Централната власт. Тој додава дека само за една слот машина во гевгелиските казина се наплаќа 250 евра такса.

Шестото место во четвртата изборна единица го има Милевка Георгиева. Родена е во Струмица во 1963 година, живее во Радовиш. Работи како професор по одделенска настава. Од 1989 година е претседател на Локален клуб на жени на СДСМ во Радовиш. Ја извршувала функцијата портпарол на СДСМ-Радовиш. Во 2009 година е носител на советничката листа, како и претседател на општинската организација на СДСМ во Радовиш. Нејзин приоритет досега како советник, а со надеж и како иден пратеник ќе останат како што вели младите кои масовно се иселуваат од државата. Според Георгиева, Радовиш останал без млади луѓе. Голема доверба кај граѓаните во Радовиш смета дека ja има стекнато во ввремето кога била директор на ОУ„ Коста Рацин“ во село Конче, каде самата имала голем придонес за изградба на училиштето во рок од една година. Како иден пратеник на СДСМ смета дека ќе ја оправда довербата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.