Еден рибар од Северна Каролина на ФБ, објавил несекојдневна фотографија од рибата чие латинско име е archosargus probatocephalus, или уште како што била позната меѓу народот риба „овчја глава“.
Специфично за неа е што има неколку редови големи таканаречени молари кои служат за „мелење “на пленот.
И се ќе било вообичаено ако како и секогаш, Нејтан Мартин инаку редовен рибар во Негз Хед, Северна Каролина, не уловил примерок од оваа риба со полна уста заби кои потсетуваат на човекови.
Оваа риба ја имало многу во овој водотек во Северна Каролина, и била прилично борбена, стои во објавата на Мартин.