Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Преспа со најуспешна туристичка сезона, останува проблем сместувањето

0
By Ivana on August 9, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 9, 2021 15:39

Преспа има една од најуспешните туристички сезони во последните пет-шест години, но потребни се повеќе сместувачки капацитети, оцени градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски.

Плажите се полни, а максимално се исполнети и сместувачките капацитети, кои и онака се во мал број.

– Сооглед на тоа што минатата година голем број од иселениците не беа вратени, годинава поголем дел се во родниот крај. Преспа го доживува својот максимум. Плажите Претор, Сливница, Долно Дупени, Стење, Крани… се полни. Сместувачките капацитети се максимално се исполнети до крајот на август, а не изостануваат и дневните туристи од Битола и Прилеп, изјави Гошаревски.

За големата посетеност, меѓу другото, смета дека придонеле и културните манифестации организирани на крајбрежјето од почетокот на летото.

– Почнавме со „Чиста Преспа – моја Преспа “, проект со кој се чистеше крајбрежјето, потоа следуваа „Запознај ја Преспа“, „Преспа Ленд“…, продолжуваме и во септември доколку дозволат мерките со традиционалниот Преспански јаболкобер, додаде градоначалникот.

Најголем проблем во турситичка Преспа се сместувачките капацитети. Во моментот има скоро 1.000 легла од кои 194 се хотелско сместување, 262 кај физички лица, 400 во ато-кампот Крани и 100 легла манастирско сместување во Сливница и Брајчино.

– Има приватни објекти, кои од разни причини останале на забот на времето, а сопствениците не се заинтересирани да ги реновираат и да ги стават во функција. Бараме начини да се мотивираат да ги реконструираат или да ги продадат на некој што ќе инвестира во нив, истакна Гошаревски.

Заинтересирани инвеститори, нагласи дека има, но урбанизацијата на некои места во Преспа не дозволува изградба на нови сместувачки капацитети, што, според градоначалникот е дополнителен проблем.

Со асвалтирањето на патот преку Галичица, што го повзува Отешево со Охрид, очекува дополнителен развој на алтернативниот туризам, а како голема придобивка во туристичка Преспа ќе биде и меѓуграничниот проект со Грција „Светите води“, кој ги поврзува четирите манастири „Свети Петар и Павле“ во селото Подмочани, „Свети Илија“ во Грнчари, „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново и „Света Богородица“ во Сливница. 

Преспа сместување туристичка сезона
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 19, 2026

Филипче: Доста е со лагите и лицемерието – во владата врие од бугарски пасоши

ВЕСТИ May 19, 2026

Прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче:

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

May 18, 2026

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

May 17, 2026
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.