НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пацификот најмногу страда од глобалното затоплување

0
By НОВА ТВ on August 10, 2021 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се очекува овие кризи да бидат почести и посериозни, додека планетата се загрева.

Глобалното затоплување над 1,5 степени ќе биде катастрофално за пацифичките островски земји и може да доведе до губење на цели држави поради зголемувањето на нивото на морињата во текот на овој век, предупредија експертите.

Лидерите на земјите од Пацификот, вклучително и австралискиот премиер Скот Морисон и премиерката на Нов Зеланд, Џacинда Ардерн, учествуваа во петокот на видео состанокот на лидерите на Форумот на пацифичките острови, каде што заедно со експерти во оваа област разговараа за последиците од климатските промени, пишува Гардијан.

Според новиот извештај на Гринпис, овој регион има една од најниските емисии на јаглерод во светот, 0,23 проценти од сите глобални емисии, но страда од некои од најраните и најсериозни влијанија од зголемувањето на глобалните температури.

Последиците од климатските промени се веќе присутни овде, кои се одразуваат преку плимата, катастрофалните циклони, зголемената соленост во водата што спречува одгледување на земјоделски култури, постојаните суши и загрозеноста на островите поради зголеменото ниво на морето, а се очекува овие кризи да бидат почести и посериозни, додека планетата се загрева.

Предупредувањата доаѓаат откако Меѓувладиниот панел за климатски промени (ИПЧ) при ОН вчера објави важен извештај за глобалното затоплување, кој покажа потреба за двојно намалување на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина, за да се ограничи затоплувањето до 1,5 степени Целзиусови во однос на прединдустриското ниво, што е цел договорена во рамки на Парискиот договор за климата по постојано лобирање од страна на лидерите на островите во Пацификот.

Во извештајот, во чија изработка учествуваа повеќе од 200 автори, разгледани се пет сценарија, а заклучокот е дека веќе за десет години ќе биде надмината температурата, која светските лидери ја поставиле како цел.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.