НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦУК: НИКС системот овозможува размена на информации, слики и видео во реално време

0
By НОВА ТВ on August 11, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Моментално серверот се подготвува за да може да поддржува и видео проекција во реално време да може точно да се види што се случува на терен. Во делот на координацијата, системот овозможува на заедничката мапа точно да ги видиме сите институции во реално време каде се наоѓаат и нивните претпоставени да ги координираат.

Преку НИКС (Next generation incident command) системот во реално време ги добиваме сите податоци и потоа ги дигитализираме. НИКС системот служи за просторно прикажување податоци во реално време, информира денеска директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на прес-конференцијата на која беше промовиран НИКС системот.

– Имаме визуелна претстава, ја имаме картата на Македонија пред нас, со кликање можеме да влеземе во кој било пожар, да видиме каков е неговиот статус, дали е изгаснат, дали е активен, дали е под контрола. Доколку е активен да видиме колку сили се на терен, колку припадници на противпожарните служби, од странските, домашните, колку припадници на полицијата и на Армијата се ангажирани, колку цистерни, колку возила, буквално сите информации ги имаме на дланка. Овој систем е во развојна фаза, но сега побарав да се забрза неговото финиширање и да биде ставен во употреба во служба на гаснењето на пожарите, појасни Ангелов.

Д-р Урим Вејсели, еден од авторите на системот на прес-конференцијата посочи дека проектот започнал во 2016 година и е дел од НАТО програмата „Наука за мир и безбедност“. Во проектот учествуваат заедно со колегите од Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора, а вклучени се и САД, поточно МИТ Универзитетот и Линколн лабораторијата.

Досега, како што информира тој, се обучени 1 100 учесници од сите институции кои се дел од системот за управување со кризи на национално и на локално ниво, а учествувале и на неколку вежби. Во склоп на проектот е планирано да се заврши обука за обучувачи од сите институции, како и администратори кои во склоп на нивните институции ќе можат да ја администрираат мрежата.

– Системот овозможува размена на информации во реално време, не само информации, туку и слики и видео. Моментално серверот се подготвува за да може да поддржува и видео проекција во реално време да може точно да се види што се случува на терен. Во делот на координацијата, системот овозможува на заедничката мапа точно да ги видиме сите институции во реално време каде се наоѓаат и нивните претпоставени да ги координираат. Може со едно кликање да добие СМС порака во кој правец треба да се движи и што е неговата задача понатаму. Сите тие работи се снимаат, има и тракинг систем, точно се гледа каде се движи, да се види точно каде биле на терен за да може при аналлизата да се утврдат дејствувањата и како да се подобрат во иднина, појасни Вејсели.

Најави дека во септември ќе се одржи  првпат НАТО вежба во која ќе учествуваат сите земји членкии на која е планирано НИКС системот комплетно да се тестира на сите нивоа (локално, национално и меѓународно) со цел сите слабости да се отстранат и од 1 октомври системот да функционира комплетно дигитално, користејќи го НИКС како алатка.

никс Стојанчо Ангелов ЦУК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.